Иванов го доби бројот 1. на изборното ливче
17 март 2014Според жребувањето, кандидатот на ВМРО – ДПМНЕ за Претседател на Република Македонија, Ѓорге Иванов, на престојните претседателски избори ќе го носи бројот еден, како втор на листата ќе настапи кандидатот од редовите на ДПА, Илјаз Халими, трет е Стево Пендаровски од СДСМ, а под реден број четири на изборното ливче ќе настапи кандидатот од редовите на ГРОМ, Зоран Поповски.
По увидот во единствениот избирачки список, политичките партии евентуалните забелешки треба да ги достават до највисокото изборно тело. Редоследот на кандидатите на избирачкото ливче веднаш ќе биде објавен во Службен весник.
Изминатата недела ДИК едногласно го усвоен буџетот за двата изборни циклуси кои ќе се oдржат на 13-ти и 27-ти април годинава. Според потпретседател на ДИК, Субхи Јакупи, за организирање на прeтседателските и предвремените парламентарни избори потребни се над 8 милиони евра. Изборната кампања за претседателските избори почнува на 24-ти март.
Првиот круг на изборите ќе се одржи на 13-ти април, а евентуален втор круг закажан е за 27-ми април.