1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Иванов го исклучи штекерот

ЕМФ/нцц16 април 2016

Малкумина веруваа дека Иванов ќе се осмели „да го исклучи штекерот“ среде постапка против членови на политичката елита, пишува НЦЦ. Весникот оценува: „Пучот“ на Претседателот го уништува кризниот менаџмент на ЕУ.

Фотографија: picture-alliance/AA/M. Sulooca

„Општата амнестија за корумпираните политичари ја заострува кризата“, оценува во насловот весникот „Ноје цирхер цајтунг“, кој потенцира дека тоа би можело да ја втурне Македонија во хаос. Во подолгиот текст посветен на состојбата во Македонија, меѓу другото, се вели:

„Претседателската амнестија дојде изненадувачки. Малкумина веруваа дека Претседателот ќе се осмели за време на деликатната постапка против членови на политичката елита 'да го исклучи штекерот'. Иванов е повеќе безбоен политичар, кој досега ретко се истакнуваше со некакви иницијативи. Во последно време меѓутоа, невообичаено за неговиот темперамент, преку весникот 'Билд' се скара со ЕУ, која ја обвини дека во бегалската криза ја оставила земјата на цедило. Опозицијата верува дека претседателската амнестија се случила на иницијатива на доскорешниот премиер Никола Груевски. Кривичните истраги се насочени главно против мрежите на неговата партија. И владејачките и опозиционите партии соопштија дека во никој случај не се заинтересирани за амнестија, затоа што немале за што да си префрлат. Покрај безредијата, бесот и несигурноста кај многу граѓани, амнестијата испровоцира и остри дипломатски реакции. Како Брисел, така и Вашингтон, предупредија од катастрофални последици што би можело да ги донесе неказнувањето на корупцијата. Во Брисел е дополнително вклучен аларм и поради тоа што 'пучот' на Претседателот го уништува кризниот менаџмент на ЕУ со кој требаше да се стабилизира македонската разнишана демократија... Главната причина за македонската криза лежи во десетгодишното владеење на една партија. Таа заедно со својот албански јуниор партнер ги претвори државните институции во агенции на еден разгранет клиентелски систем. Поимот корупција не е доволен за ваквата форма на владеење. Дестабилизација на Македонија крие во себе повеќе ризици. Земјата во бегалската криза е на експонирано место на Балканската рута и од ЕУ доби задача да ја држи затворена. За тоа да го оствари, би морало да функционира барем безбедносниот апарат. Во случај на заострување на кризата, тоа не е гарантирано: во полициските единици веќе има конфликти поврзани со лојалноста. Освен тоа, Македонија е и мултиетничка земја, во која мнозинството и албанското малцинство живеат во сегрегирани општества. Таа се држи благодарение на диловите на елитите на двете национални групи. Политичка криза би можела лесно да се претвори во интеретнички конфликт.“

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми