Иванов и Тадиќ убедени во европската иднина на Македонија и Србија
16 декември 2011 Дополнителните услови во евроинтеграциите не не' обесхрабруваат да продолжиме со сите потребни реформи и исполнување на критериуми, порача претседателот Ѓорге Иванов по денешната ( 16.12.2011) средба со својот српски колега Борис Тадиќ.
Иванов објасни дека иако евроинтеграциите на Македонија се блокирани во
последните две години, во меѓувреме се прават сите неопходни реформи.
„ Целта ни е да создадеме Европа внатре во државата“, изјави Иванов.
Српскиот претседател Тадиќ истакна дека ваквата порака на Иванов треба да се
пренесе и во Белград, бидејќи, како што рече, во Србија се појавило
обесхрабрување откако земјата не доби кандидатски статус.
Тадиќ објасни дека внатрешните реформи се суштина и кон тоа треба да се
стремат двете држави.
Претседателите на бизнис- форум
Србија и Македонија имаат европската иднина, рече Тадиќ посочувајќи дека
Европа е најсигурната зона.
Во однос на црковниот спорот, двајцата претседатели сметаат дека проблемите
треба да ги решаваат црквите и дека ова прашање не е дел од меѓудржавните
односи. На средбата шефовите на двете држави се осврнале на економската, енергетската и на инфраструктурната соработка за што ќе стане збор и на Македонско- српскиот бизнис форум, што се оддржува во Скопје.
Автор: СН/ЖА/миа/макфакс
Редактор: Жана Ацеска