1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Иванов нема да оди во Тирана

ЕМФ/дв/макфакс27 ноември 2012

Македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов одлучи да не замине на централната прослава по повод 100-годишнината од албанската независност, што утре (28.11) ќе се одржи во Тирана.

Фотографија: MIA

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов ја откажал посетата на Тирана поради последните инциденти, гласи информацијата од кабинетот на Претседателот, без да се наведат повеќе детали. Откажувањето на посетата следува по минатонеделната посета на премиерот Никола Груевски на Тирана, кога автомобилот во кој тој се превезуваше беше гаѓан со јајце и пластично шише, а државните македонски знамиња поставени низ улиците на Тирана во чест на неговата посета беа симнати и запалени.

Невообичаена дипломатска практика е во една недела и претседателот и премиерот на една држава да имаат две одвоени посети на една земја, велат од  опозициониот СДСМ, откако претседателот Ѓорге Иванов одлучи да не замине на прославата на 100-годишнината од албанската
независност.  „Но, она што дополнително не е јасно  во целата оваа работа е како тоа Иванов планирал да присуствува во Тирана на прославата на стогодишнината на албанското знаме и албанската држава, а кога се организираше истовремено таква една прослава во Скопје, тој како домаќин не оствари средба ниту со премиерот на Албанија, ниту со премиерот на Косово?“, изјави Јани Макрадули, член на Извршниот одбор на СДСМ.

Официјална Тирана инаку, за време на викендот ги осуди инцидентите при посетата на Груевски и соопшти дека сторителите ќе бидат казнети. „Албанското МНР како и во минатото ќе продолжи да поттикнува добри меѓуетнички односи и почит кон симболите историјата, јазикот и културата на сите држави од регионот во аспирациите кон Европа и интегрирање на целиот регион“, беше наведено во писмената реакција на албанското Министерство за надворешни работи.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми