Иванов: секој компромис ќе треба да биде потврден од страна на граѓаните
16 април 2009Јавноста во Македонија водржано реагира на вчерашното соопштение на македонското Министерство за надворешни работи во кое им советува на македонските граѓани да се воздржат од патувања и подолг престој во поголемите градови во Грција.
Во меѓувреме во Македонија продолжува и јавната дебата за напорите за наоѓање решение за спорот околу името. Премиерот Никола Груевски во својата реакција истакна дека Грција многу одамна, формално или неформално, го предлага тоа име (со географска одредница), кое сега практично е предложено и од страна на медијаторот Метју Нимиц, меѓутоа, нагласува Груевски, има уште многу други работи, кои се дел од преговорите и кои треба да се решат.
Новоизбраниот македонски претседател Ѓорге Иванов, по неговата изјава дека „разумен компромис е разумен компромис“, за што беше остро критикуван во јавноста, појасни дека името „Република Северна Македонија“ е само географска одредница што ја посакува Грција и подвлече дека Македонија е подготвена да се најде компромис, меѓутоа тој никогаш да не биде на штета на интересите на Македонија. Според Иванов, каков и да биде компромисот, тој мора да биде потврден од страна на граѓаните на државата. Во однос на најавата на Иванов, дадена за време на предизборната мапања, дека ќе испрати покана до претседателт Каролос Папуљас за грчко-македонски самит, амбасадорот Ристо Никовски предупредува дека тука мора да се биде многу внимателен, бидејќи другата страна е апсолутно непопустлива, не е подготвена на никаква флексибилност и Македонија се соочува со фактор дека Грција привидно бара решение, подвлекува Никовски.
Автор: ДВ / Александар Чомовски
Редактор: Александра Трајковска