Иванов: Статус кво состојбата е фрустрирачка за Македонија
5 декември 2013Реклама
Средбата се случила на маргините на третиот годишниот состанок на Центарот за глобален дијалог и соработка, на која Иванов имаше свои обраќање.
„Никој буквално не губи ништо доколку Македонија ги почне преговорите, напротив, користа е повеќестрана“, му посочил Иванов на Барозо, потенцирајќи ја можноста за паралелни преговори за интеграцијата и надминувањето на билатералните разлики како модел кој би можел да се искористи. Барозо пак, ја потврдил заложбата на Комисијата за продолжување на политиката на проширување со земјите од Западен Балкан, а двајцата разговарале и за состојбите во регионот.