И покрај првиот впечаток за појавувањето на Мијалков како негова победа, во наредните денови ќе се етаблира сумарниот, и доста поедноставен, наратив: Мијалков се обиде да избега, и не успеа. Пишува Петар Арсовски.
Реклама
Груевски сигурно од Будимпешта си мисли за Мијалков: „аматеру, не се бега така“...
Ова е само една од безбројните шеги кои деновиве на темата „бегство во обид“, се шетаат по социјалните медиуми. Последните неколку дена, кои сигурно беа во најмала рака драматични за најголемиот дел од критичката јавност во Македонија, истовремено на површина изнесоа повеќе аспекти на нашата колективна лутина, нетрпение, параноја и страв, од кои некои аспекти влеваат надеж, а некои будат разочарување.
Еден од аспектите на јавното мислење кој е изненадувачки, е релативно „млаката“ реакција од критичката јавност на обидот за бегство на Мијалков, едниот од двата главни симболи на режимот за најголемиот дел од јавноста која се крена против тогашната власт. Ова можеби покажува резигнација, нетрпение или недоверба дека правдата било кога ќе пристигне, или едноставно замор на човечкиот материјал во очекувањето на владеењето на правото. Петрушева го нарекува ова „литост“, сознание за сопствениот медиокритет и немоќ, и паралелно, срам од истото. Овој релативно поразителен феномен е нешто кое треба да не замисли, можеби во сознанието дека, во серијата разочарувања и пехови во последната година, како КОВИД, проблемот со Бугарија, можеби сме толку девастирани во очекувањата, што добрите вести ги третираме како исклучок, а лошите како правило.
Вториот аспект на јавната реакција на „иди ми, дојди ми“ серијата која се одвиваше пред очите на јавноста во последните три дена, е сепак, барем за мене, зрак на надеж на излезот на тунелот. Ова е неисцрпното количество хумор кое, без пардон, се истури врз институциите задолжени за присуството на Мијалков, па и кон оние кои тоа не се, при што разните автори на социјалните медиуми им „отворија трета ноздрва“ од хумор на нашиве „органи на прогонот“. Ова е сепак индикација дека критичката јавност, иако уморна, е жива, и секако не се плаши да ги покаже со прст, критикува, исмее, па дури и остро да ги нападне, сегашните станари на Илинденска бб. Чувството слободно да ја искритикуваш власта, без притоа да развиеш манија на гонење, е сепак релативно нова придобивка, и е секако пријатно освежување за кое, за волја на вистината, сепак се најзаслужни токму оние кои се сегашна нејзина мета.
Никола Груевски: како реформаторот стана бегалец
Од надежен реформатор, преку корумпиран автократ до бегалец од правдата. Поминаа 20 години од стапнувањето на политичката сцена до бегството во Унгарија. Политичката кариера на Никола Груевски низ фотографии.
Фотографија: Getty Images/AFP/D. Dilkoff
Референдумска битка
Кариерата на Груевски во политиката започна во првата влада на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од Љубчо Георгиевски, во 1998. како министер за трговија, а продолжи како министер за финансии. Но искачувањето до врвот на македонската политика, Груевски го започна во 2004., по неуспешниот референдум против територијалната поделба, откако претходно успешно го одбрани партискиот престол во хотелот Панорама.
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/S. Ilic
Преродбата во 100 чекори
На парламентарните избори во 2006 ВМРО-ДПМНЕ предводена од Груевски извојува убедлива победа. Младиот технократ ветуваше економска преродба на земјата и брзо членство во ЕУ и НАТО. Граѓаните му ја дадоа довербата на гласањето на 5 јули, но ретко кој очекуваше дека Груевски неограничено ќе владее и во следните 10 години.
Фотографија: AP
Поддршка од Западот
Младиот премиер во првите години уживаше голема поддршка од меѓународната заедница и особено од сестринските партии во Европа. Веќе во октомври 2006. беше пречекан во Берлин од канцеларката Ангела Меркел со воени почести. Западните политичари во него гледаа надеж за земјата и за регионот и пресврт од дотогашната националистичка политика.
Фотографија: AP
На крилата на поразот од Букурешт
Преродбата на Груевски продолжи на изборите во 2008 година кои ги доби со огромно мнозинство благодарение пред сѐ на националистичката кампања која во прв план го имаше фијаското на Самитот на НАТО во Букурешт и паролата „името не го даваме“. Оттогаш започна и непреченото владеење на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.
Фотографија: AP
Скопје 2014
На крилата на големата изборна победа, Груевски го стави во погон проектот „Скопје 2014“. Целта беше да „се зајакне“ идентитетот на народот и да му се покаже на светот дека Македонците не се дрво без корен. Исходот: потрошени речиси 600 милиони евра народни пари на споменици и неокласични објекти кои завршуваа во џебовите на фирми блиски до ВМРО-ДПМНЕ.
Фотографија: DW/P. Stojanovski
Партнерот во сенка
На претседателските избори во 2009 година победата на Ѓорге Иванов ја заокружи комплетната контрола на власта на ВМРО-ДПМНЕ. Иванов ќе биде реизбран во 2014 година и до денес ќе остане верен следбеник на својот политички ментор- Груевски. На поддршката ќе возвраќа повеќепати, прво со општата аболиција во 2016 година, а потоа и со одбивањето да му го даде мандатот на Заев во 2017.
Кога во февруари 2015. Заев започна да ги објавува прислушуваните материјали, Груевски беше на зенитот на својата моќ - неприкосновен во партијата и државата. Серијата протести таа година го потресоа, но не го загрозија посериозно. Дури откако се вмеша и меѓународната заедница, а Иванов мораше да интервенира со аболиција, граѓаните масовно почнаа да излегуваат на улиците во Шарената револуција.
Фотографија: DW/K. Ozimec
Новата ера (не) започна
Тешкиот пораз на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори во 2017, значеше и крај за Груевски на чело на партијата. Новата ера која ја најавуваше, не се случи. Она што од денешен аспект е интересно, е средбата со Орбан во септември 2017 во Охрид, на која наводно и паднала понудата за азил од страна на унгарскиот премиер. По неколку месеци на чело на партијата Груевски беше заменет од Христијан Мицкоски.
Фотографија: Reuters/O. Teofilovski
Лице од потерница
Откако пресудата за двегодишната затворска казна во случајот „Тенк“ на СЈО стана правосилна, се очекуваше Груевски да се јави на издржување на казната. Но, тој се јави на Фејсбук од Будимпешта од каде порача дека „ќе остане верен на каузата на Македонија“. МВР, веројатно задоцнето, одлучи да трага по експремиерот со потерница.
Фотографија: Innenministerium der Republik Mazedonien
Наследството на Груевски
Дали Никола Груевски ќе биде испорачан назад во Македонија каде се соочува со уште четири судски процеси, во моментов може само да се шпекулира. Зад себе остава долго досие на злоупотреби и криминал, и држава која во последните години од неговото владеење се најде во изолација и беше предмет на жестоки критики и потсмев во демократскиот свет.
Фотографија: DW/P. Stojanovski
10 фотографии1 | 10
Морам да признаам во тој расплет, беше доста забавно да се следи како се распукаа, како меури од сапуница, разните теории на заговор за бегството, од тоа дека е договорено со највисоките кругови на власта, преку конспиративните сознанија „од прва рака“, дека „човекот“ е веќе на својата јахта во Монако, до приказните дека тој всушност не се ни крие, туку е тука, но така обезбеден од глутница телохранители, што полицијата воопшто не може да му пријде. Во галиматијасот на теории за неговото исчезнување, дека избегал, имал таен тунел под куќата, па дека е пуштен, па кој го пуштил или „замижал“ во клучен момент, немаме друг избор одошто да примениме т.н. Окамов брич – научен концепт кој вели дека, ако се друго е исто, наједноставното објаснување најчесто е точно. По таа логика, не сум многу склон да верувам дека имало некаков заговор околу целиот циркус. Зашто, ако имало договор, зошто бегал? Ако имало договор да избега, зошто се вратил? Ако бегството било толку добро испланирано, зошто не успеало?
Сепак, за мене се покредибилни поедноставните објаснувања, како на пример: сознанието за притвор било вистинскиот тригер за бегство, и затоа е тоа сторено во последен момент, зашто инаку, Мијалков имал и време и пари да организира подобро бегство, ако сакал. Оние кои го следеле, знаеле дека можел да избега, инаку не би го следеле. Институциите, откако им се изгубил набрзина, а соочени со јавен скандал, се активирале вистински, и планот за бегство се изјаловил. За да не биде донесен „со полуга“ во станица, Мијалков се пријавил сам, како што тоа, на времето го стори Бучковски на грчката граница, во обид да спречи ист таков театар, каде токму Мијалков беше режисер. Не велам дека токму така бил следот на настаните, зашто сеуште никој не знае, но мислам дека ваква, релативно приземна, хронологија, е далеку поверојатна одошто конспирациите кои кружат наоколу, зашто за заговор треба дијаболичност и минуциозност која очигледно недостасува кај нашиве институции.
Сите истраги на македонското СЈО
Таргет, Титаник, Тортура, ТНТ, Транспортер, Тврдина, Трезор, Топлик, Тендери, Тарифа и Тенк се 11-те случаи кои досега ги отвори СЈО. Осомничени или обвинети се многу актуелни и поранешни државни и локални функционери.
Фотографија: DW/P. Stojanovski
Катица Јанева
Катица Јанева беше избрана за Специјален Јавен обвинител на 15 септември 2015 година од страна на Советот на јавните обвинители, а нејзиниот тим се комплетираше со уште 12 обвинители на 4 ноември лани. Нејзиниот избор беше дел од Договорот од Пржино за што согласност дадоа сите лидери на политички партии и големо мнозинство пратеници во Собранието.
Фотографија: DW/P. Stojanovski
Од шионажа до злосторничко здружување
Заклучно со март годинава, во првиот шестмесечен период од работењето, СЈО отворило вкупно 30 предмети против 80 лица. Кривичните дела кои им се ставаат на товар на осомничените и обвинетите се движат од Повреда на избирачко право, Злоупотреба на службена положба до Насилство, Шпионажа и Злосторничко здружување.
Фотографија: MIA
Обработка на прислушуваните материјали
Во септември годинава, СЈО го претстави и вториот шестмесечен извештај за својата работа. Во меѓувреме, ова обвинителство брои 74 вработени. Во тој период, обвинителите преслушале и обработиле 55.240 аудио фајлови, односно 12 проценти од вкупно добиените прислушкувани материјали.
Фотографија: picture-alliance/dpa/C. Charisius
Насилство и фалсификат
Паралелно со поднесениот втор Извештај за својата работа, СЈО ги обелодени и првите две обвиненија. Во првиот предмет, обвинети се седум лица - службеници на УБК кои го уништиле доказниот материјал за неовластеното прислушување. Во вториот, обвинети се 14 лица кои го поттикнувале или извршиле насилство при протестите пред општина Центар во јуни 2013 година. Меѓу нив е и експремиерот Груевски.
Фотографија: Getty Images/AFP/R. Atanasovski
Меѓународна поддршка
СЈО во меѓувреме добива отворена поддршка од претставниците на меѓународната заедница. Шефот на германската дипломатија Франк-Валтер Штајнмајер на 1 септември годинава порача дека е важно „СЈО да може непречено да продолжи со својата работа за разјаснување на обвинувањата за злоупотреба на моќта, за повторно да се засили довербата на македонското население во демократските институции на земјата“.
Фотографија: Reuters/I. Kalnins
Титаник- број 1.
Во февруари 2016, СЈО го обзнани својот прв случај, за изборни измами за кои постои сомнеж дека ги извршувала група која ја предводеле ексминистерката Јанкулоска, ексминистерот за транспорт Јанакиески и секретарот на Владата, Божиновски. Осомничени се за криминализација на изборниот процес со незаконско издавање лични карти и вметнување во избирачкиот список на лица, како и насилство, поткуп...
Фотографија: Petr Stojanovski
ТНТ- Како се уриваше Космос
Во април 2016 година беше отворен случајот за незаконското уривање на комлексот „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски. Иако првично не беа опфатени во истражната постапка, поради аболицијата од претседателот Ѓорге Иванов, осомничени во случајот „ТНТ“ се и експремиерот Груевски, ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и актуелниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски.
Фотографија: Petr Stojanovski
Транспортер- Битола како Токио
Случајот во април 2016, обвинителката Фатиме Фетаи го најави како „веројатно најскапиот превоз за ученици во светот“, кој го плаќал градот Битола. Градоначалникот на Битола Владимир Талески и претседателот на комисијата за јавни набавки на општината, според СЈО, нанеле штета на буџетот од околу 360.000 евра. На Талески му беше одреден и домашен притвор, но во меѓувреме е пуштен на слобода.
Фотографија: DW/Z.Purkovic
Тврдина- уништување на доказите
Во предметот Тврдина кој на јавноста и беше претставен во март 2016 година, осомничени се двајца началници на УБК и ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. Тие во 2015 година противзаконски уништиле системи за следење на комуникации, при што е нанесена штета на државата во висина од околу 10 милиони евра. Истите системи претходно биле користени за незаконско следење и прислушкување
Фотографија: MIA
Тортура- изживувањето врз Љубе Бошкоски
На 28 март 2016, СЈО објави дека започнува нова истрага под името „Тортура“, која се однесува на апсењето на лидерот на партијата Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи Љубе Бошковски. Поднесени се кривични пријави против седум лица, меѓу нив шестмина припадници на полициската единица Алфи, а како првоосомничен е тогашниот директор на УБК Сашо Мијалков.
Фотографија: DW/P. Stojanov
Трезор- Финзи и УБК
„Трезор“ е кодното име на последниот предмет на СЈО, и прв што се однесува на економски криминал, а произлегува од незаконското следење на комуникациите. Како што рече обвинителката Фатиме Фетаи, предметот се однесува на груба злоупотреба на средствата од буџетот на Република Македонија од страна на три раководни лица во УБК и едно раководно лице во Министерството за внатрешни работи.
Фотографија: picture-alliance/dpa
„Топлик“ и „Тендери“
Во предметот „Топлик“ се осомничени шест лица, кои преку злоупотреба на службената должност и кршење Законот за јавни набавки сториле кривични дела со кои го оштетиле буџетот во висина од 1 милион и 44.000 евра. Во „Тендери“ првоосомничено е раководно лице од Министерството за култура, поради фаворизирање на компанијата „Бетон - Штип“ при изградбата на Музејот на македонската борба.
Фотографија: DW/P. Stojanovski
„Таргет“- масовно прислушување
СЈО соопшти дека илјадници луѓе биле незаконски следени во периодот од 2008 до 2015 година од страна на Управата за безбедност и контраразузнавање. Вкупно десет лица, дел од кои поранешни високи функционери се осомничени дека го организирале и го координарале незаконското прислушување. Незаконски била следена комуникација на најмалку 4.286 телефонски броеви без судски наредби
Фотографија: picture-alliance/dpa/J. Pape
„Тенк“ и „Тарифа“
СЈО сомничи седум лица дека ја злоупотребиле службената положба во случајот „Тарифа“ кој се однесува на постапка за јавна набавка на софтвер за потребите на АД ЕЛЕМ. Истрага е отворена и против две лица кои учествувале во набавката на службениот „Мерцедес“ на екс-премиерот Никола Груевски кој државниот буџет го чинеше 572 илјади евра.
Фотографија: picture-alliance/dpa/J.-P. Strobel
14 фотографии1 | 14
Оттаму, и покрај првиот впечаток за појавувањето на Мијалков како негова победа, мислам дека во наредните денови ќе се етаблира сумарниот, и доста поедноставен, наратив: Мијалков се обиде да избега, и не успеа. Тој е сега во притвор, и чека пресуда, која, ако се следат неговите реакции, ќе значи затворска казна за него. Притоа, неговото бравадо пред обвинителството, не е ништо друго освен соочување со реалноста – дека ќе мора да ја одлежи казната откако не успеа да избега. Мислам дека, кога плетеме разни теории во гнев, ризикуваме во жедта за правда, иронично, токму жедните, од Мијалков и Јанкуловска да направат херои, а од оние кои ги гонат, криминалци. Затоа, не сум премногу загрижен од приказните на оние на кои Мијалков или Капоне им се херои – таквите глорификации дадени во афект, релативно брзо се топат пред булдожерот на приземноста, кога стоите пред судија и чекате пресуда, како сите обични смртници.
Но, на крајот, случувањата од последните неколку денови, ни открија и една друга, можеби конечно поинтересна, феноменологија за сегашната власт – кога е зорт, сепак, можат да се активираат и да испорачаат. Е сега, прашањето за критичката јавност, е колку зорт ќе дадеме во периодот кој следи, по сите прашања кои не засегаат, почнувајќи од одговорноста за оние кои затаиле во овој „ролеркостер“