Емпатијата кон природата уште не е сериозна желба кај голем дел од граѓаните во целиот свет. Кај едни затоа што живеат во благосостојба, кај другите затоа што се толку сиромашни, што не помислуваат на екологијата.
Реклама
Ако сакаме да ја сочуваме планетата за идните генерации, итно ни е потребна нова парадигма во нашето живеење и работење, произведување и трошење. Современата индустрија ја редуцираше природата во материјал за преработка и трошење пред само два века. Тоа време беше доволно да ја доведе биосферата на работ на пропаст. Нашиот свет нема милост не само кон неживата материја, туку и кон животинскиот свет. Многу животински видови се истребени, останатите се загрозени. Некогашната животна симбиоза на луѓето со домашните животни, во традиционалното сточарство со векови ја беше сочувало скромната форма на снабдување со храна на мал број корисници. Се‘ до крајот на педесеттите во германските семејства месото беше „луксузот“ за неделниот ручек. Исто беше и во моето социјалистичко детство во Југославија. А денес производството на месо е гигантска индустрија, за чии цели се уништуваат исконските шуми во Латинска Америка, вистинските „бели дробови“ на планетата. Кога секој при неделниот ручек почесто би се прашувал каков бил животот на домашното животно, од кое парче месо завршило во чинијата пред него, тоа брзо би му се одјадило засекогаш. Загадени и преполни со пластика се морињата и океаните, а рибите во нив се затруени со тешки метали. Кога рибите се одгледуваат како индустрија, за нивна храна се ловат риби од морињата. Лососот во Норвешка се одгледува во големи кафези, поставени во фјордовите. Храната за нив „се лови“ во морињата со огромни мрежи. Тие го уништуваат животинскиот и растителниот свет во морските длабочини. Во тие мрежи се фаќаат, на пример, и делфини. „Ловот“ потоа се меле во смеса со која се храни лососот. Откако знам како се одгледува, лососот ми се одјаде.
Зошто уште нема јасно формулирана еколошка етика? Затоа што овој „нечовечки“ однос кон животинскиот свет го одржуваме ние, конзументите, со нашите навики на исхрана кои, од своја страна, ни ги сугерира модерната индустрија. Тоа е маѓепсаниот круг на нашите потреби. Знаеме дека не е здраво секој ден да се јаде месо и, сепак, тешко ни е да се откажеме од фетишот на модерната благосостојба. Затоа што кило месо во западните општества е поефтино од кило цреши. И ниту малку не не‘ потресува „ефтиноста” на месото, на живото суштество!
Каде е поевтино: во Македонија или во Германија?
Нашиот заклучок: без оглед на огромната разлика во животниот стандард и просечната плата, цените во Германија во најголем дел се поевтини. Во Македонија осетно поевтини се само солта, кафето, овошјето и зеленчукот.
Фотографија: DW/K. Delimitov
Леб
Во просек, векна бел леб од 750 грама во Германија чини 0,85 евра (51 денар), а француски багет од 250 грама чини 0,60 центи (36 денари). Векна бел леб од 250 грама во Македонија чини 27 денари, а некаде достигнува и 39 денари.
Фотографија: DW/K. Delimitov
Масло за јадење
Еден литар од најевтиното сончогледово масло за готвење во Германија чини околу 1 евро (60 денари). Во Македонија еден литар од најевтиното масло чини 65 денари.
Фотографија: DW/K. Delimitov
Млеко
Еден литар кравјо трајно млеко со масленост од 3,2 проценти во Македонија може да се најде за најниски 38 денари, а просечната цена се движи околу 45 денари за литар. Во Германија, најевтиното млеко започнува од околу 0,55 центи (33 денари), а поскапото „Алпско“ млеко е околу 1 евро.
Фотографија: DW/K. Delimitov
Кашкавал
Кашкавалот од типот Гауда и Едамер во Македонија чини од 350 до 370 денари за килограм. Во Германија, холандската Гауда ќе ве чини околу 5 евра за килограм (300 денари), а Ементалер околу 5,4 евра (330 денари).
Фотографија: DW/K. Delimitov
Сол и шеќер
Сол во Германија чини околу 1,38 евра за килограм (85 денари), во Македонија 28 денари.
Килограм шеќер во Германија чини околу 0,69 центи (42 денари), а во Македонија најевтиниот кој го најдовме во супермаркет беше 38 денари за килограм.
Фотографија: DW/K. Delimitov
Ориз и брашно
Домашен ориз од втора класа во Македонија за 900 грама чини 46 денари. Во Германија, ориз од прва класа чини од 0,80 центи (48 денари) за килограм.Најевтиното брашно од Тип 400 во Македонија може да се најде за околу 24 денари за килограм. Истото во Германија чини од 0,30 центи (18 денари) за килограм.
Фотографија: DW/K. Delimitov
Јајца
Мала табла со шест јајца во Македонија чини околу 50 денари, а во Германија околу 1 евро (60 денари).
Фотографија: DW/K. Delimitov
Зеленчук
Доматите во Македонија чинат меѓу 80 и 120 денари за килограм, а во Германија - 2,50 евра (150 денари). Краставиците чинат 192 денари за килограм во Македонија, а во Германија 0,70 евра (42 денари) е едно парче кое вообичаено тежи меѓу 250 и 300 грама.
Килограм пиперки во Германија ќе ве чини околу 2,50 евра (150 денари), а во Македонија 125 денари.
Фотографија: DW/K. Delimitov
Овошје
Јаболката во Македонија се продаваат од 23 денари за килограм, па нагоре. Во Германија најевтините домашни јаболка не можете да ги најдете за помалку од 1 евро за килограм, а увозните достигнуваат и до 3 евра. Мандарини во Македонија чинат околу 45 денари за килограм, а во Германија 1,33 евра (80 денари) за килограм.
Фотографија: DW/K. Delimitov
Пиво и алкохол
Просечната цена на пивото е нешто пониска во Македонија и тоа само за домашните марки. „Хајнекен“ од 0,33 литри во Македонија чини 55 денари. Во Германија нешто под 1 евро, доколку купите „сикспек“. Поеетиното виски од 0,75 литри како „Џони Вокер“, „Балантајн“ или „Џејмисон“ во Македонија чини околу 1.000 денари. Во Германија истото има просечна цена од 10 евра (600 денари).
Фотографија: DW/K. Delimitov
Вино
Цените на виното во Македонија се релативно високи во споредба со она што се нуди на европските пазари. Најевтиното сортно македонско вино започнува од 170 денари за шише, а поквалитетното се нуди во просек за 500 денари. За споредба, македонско вино флаширано во Германија во овдешните супермаркети чини 1,6 евра (100 денари). Врвните сорти во Германија можат да се купат за просечни 6-7 евра.
Фотографија: DW/B. Georgievski
Шампони за коса и гел за туширање
Разликите се големи и во цените на шампоните за коса меѓу двете земји иако се работи за истиот маркет. Шампон „Пантен Про-В“ од 200 милилитри во Македонија чини 208 денари, а во Германија 1,45 евра или околу 90 денари. Гел за туширање од 250 мл на „Балеа“ во Македонија во просек чини околу 120 денари, а во Германија поголемо количество од 300 мл чини 0,55 евра или малку над 30 денари.
Фотографија: DW/K. Delimitov
Течен сапун и детергент
Течен сапун „Балеа“ во моментов се нуди на попуст во Македонија за 79 денари, а редовната цена му е 105 денари. Во Германија редовно се продава за 55 центи или за нешто повеќе од 30 денари, а на попуст и поевтино. Детергент „Персил“ за 20 перења во македонскиот ДМ чини 365 денари. Во германскиот ДМ истиот детергент по редовна цена се продава за 5,15 евра или околу 320 денари.
Фотографија: DW/K. Delimitov
13 фотографии1 | 13
Сите ние „ја јадеме“ секојдневно иднината на нашата планета. Кога само за миг би си ја претставиле состојбата на планетата, тогаш ќе ни стане јасно дека индустријата денес навистина е огромен „челичен оклоп” („stahlhartes Gehäuse") во кој е „заробена“ планетата. Тоа е „челичниот оклоп“ на глобалниот капитализам. Изразот потекнува од германскиот социолог Макс Вебер, од делото „Протестантската етика и духот на капитализмот“, објавено 1904-тата. Меѓутоа, односот кон животната околина не беше поинаков ниту во поранешните социјалистички општества. И социјализмот и капитализмот ја делат истата идеја на прогресот како безмилосна преработка на природните ресурси. Светот за модерниот човек нема повеќе тајна. Тој е само мртва материја, само „штоф” за задоволување на неговите потреби.
Еден емпатичен, еколошки, „домаќински” однос кон природата и кон биосферата бара промена на главните парадигми во модерните општества. Тој процес е веќе започнат, но се движи уште со темпо на полжав. Иако беше јасно уште од првиот извештај на Club of Rome, „Границите на прогресот“, од 1972-та, во чие изготвување учествуваа научници од 30 земји, дека неограничениот технолошки прогрес ќе стане брзо погубен. Тогаш ни се чинеше дека тоа време е многу далеку. Половина век подоцна, светот е среде климатската криза. И покрај тоа, емпатијата кон природата уште не е сериозна желба кај голем дел од граѓаните во целиот свет. Кај едни затоа што живеат во благосостојба, кај другите затоа што се толку сиромашни, што не помислуваат на екологијата. Парадоксот е во тоа што токму богатите индустрски земји, кои, кога би посакале, би можеле веднаш да формулираат нова еколошка парадигма и етика, ги причинуваат најголемите еколошки штети. Притоа промената на парадигмата во однос на природата од безмислосно потрошувачка во промислено заштитувачка може да почне само од богатиот Прв, а не од сиромашниот Трет свет.
Германците и нивната љубов кон брза храна
Од колбаси со кари до сендвич со ќофте од инсекти: културата на сендвичарници и брза храна во Германија е драстично променета. Она што некогаш било презирано, денес е прифатено и ги отсликува различните животни стилови.
Фотографија: picture-alliance/D. Bockwoldt
Колбас со кари
Колбасот со кари или каривурст во Берлин и Рурската област е речиси станат составен дел од идентитетот и се сервира често со пржени компирчиња, т.н. „Манта порција“. Германскиот познат пејач Херберт Гринемајер испеа дури и песна за него во рурски дијалект.
Фотографија: Imago/R. Wölk
Киоск за сендвичи со колбаси на скара
Помалку егзотични роднини на колбасот со кари се сендвичите со колбаси на скара,братвурст, по правило пред сендвичарницата се поставени неколку масички за стоење. Ваквите сендвичарници се посебно распространети во Берлин, но и во повеќе поголеми градови, како Келн.
Фотографија: picture-alliance/dpa/O. Berg
Сендвич со риба
Лепче со риба е некој вид северна варијанта на колбас со кари. Брзо се спрема- меѓу две половинки од лепче се става харинга (на фотографијата) или лосос, гарнирано со кромид и салата. Ова спаѓа во класиката на германската брза храна „за по пат“ и постои од почетокот на масовниот туризам во 1960-те години. Сендвич со риба е посебен заштитен знак на Хамбург - таму неизоставно треба да се проба.
Фотографија: Fotolia/Anne Katrin Figge
Киоск за пијалоци и сендвичи
Ваквите прапочетоци на германската култура на сендвичарници и киосци се наоѓаат посебно во Рурската и во Рајнската област. Во опуштена атмосфера, по крајот на работниот ден, луѓето се собираат на муабет, кафе или пиво и мала закуска - сендвич со салама или кашкавал.
Брзо подготвуваното и вкусно јадење од Италија во Германија го почнува својот победоносен поход во 1950-те години, по доаѓањето на првите италијански гастарбајтери и до денес е најомилената придобивка од странските кујни за брза храна. Сеедно дали цела во пицерија или купена како парче за по пат, пицата ужива неподелена омиленост.
Фотографија: picture-alliance/dpa/T. Kleinschmidt
Донерот се одомаќинува
Во Берлин почнал да се продава првпат во 1972, а во Ројтлинген во 1969 година, а денес донер кебап спаѓа во најомилените закуски на Германците. Најдоцна од 1990-те години го има низ цела Германија: од класичен со месо, до вегетаријански. Првично донерот настанал веројатно во 19 век во северниот дел од Турција.
Фотографија: picture-alliance/R. Schlesinger
Суши
Само до пред неколку години, суши беше нешто специјално и можеше да се јаде само во некој јапонски ресторан. Денес суши има и во сите подобро снабдени супермаркети, особено во метрополите. Некогашната тренд храна за многумина вработени луѓе е добредојдена промена и алтернатива за храната од мензите во пладневната пауза за ручек.
Фотографија: picture-alliance/dpa/R. Vennenbernd
Гастрономската култура и стилот на живеење
Во меѓувреме во Германија постојат сендвичарници и киосци за брза храна за секој вкус, па и за здравствено-свесните и еколошко ориентираните потрошувачи. Културата на сендвичарници е прилагодлива и не се сфаќа веќе само како брза храна. На фотографијата еден маж со сласт загризува во сендвич со ќофте од инсекти, чие „месо“ е произведено од ларви од еден вид бумбар.
Фотографија: picture-alliance/dpa/F. Gentsch
Подвижни сендвичарници
Ги имало уште во средниот век, а сега доживуваат ренесанса - хипермодерни подвижни киосци за брза храна на тркала. Во многу германски градови редовно, во одреден ден од неделата, се одржува уличен пазар, на кој се продаваат регионални и интернационални специјалитети од мобилни киосци.
Фотографија: Imago Images/S. Zeitz
9 фотографии1 | 9
Кога на Балканот би се обликувала силна еколошка политичка свест, таа со време би ги разобличила и истиснала националистичките идеологии. Тие потекнуваат од 19-от век, додека нивните поклоници се од 21-от век. Сепак, дури и во пандемијата, која го загрозува сето човештво, уште се добиваат избори со националистичките наративи. Што им преостанува на совесните граѓани, дури и со скромна еколошка свест? Да се групираат во граѓански иницијативи. Како граѓанска иницијатива почна и најпознатата европска еколошка партија, германските „Зелени“. Името „зелени” не асоцира само природа, туку и алтернатива за етаблираните партии. Во германскиот политички спектар, партиите имаат своја боја: СПД се „црвените”, ЦДУ и ЦСУ се „црните”, ФДП (Либералите) се „жолтите”. Така новата еколошка политичка групација избра нова боја – „зелената“. Паметам, кога прв пат дојдов во Германија, во есента 1980-тата, во Бон насекаде имаше плакати од штотуку завршените избори за Бундестагот. Беше победила СПД, со кандидатот за канцелар Хелмут Шмит.Само неколку години беа изминале од „оловното време“ во Германија. Тоа на теророт на радикалната левица околу групата Бадер-Мајнхоф. Уште во германските пошти на ѕидот висеа потерниците по нејзините членови кои учествуваа во терористички акции. И само кусо потоа, 1979-тата беше формирана една граѓанска иницијатива „Поинакво политичко здружение – Зелени“, кое истата година учествуваше на изборите за Европскиот парламент и освои 3,2 проценти. Кандидатите беа прочуениот уметник Јозеф Бојс и Петра Кели, политичарка од првата генерација на „Зелените“. И Руди Дучке учествуваше во предизборната кампања на иницијативата, затоа што веруваше дека демократските промени може да се постигнат само на „долгиот марш“ низ политичките институции. Иднината покажа дека тоа беше многу значајно сознание. Од тоа здружение 1980-тата настана политичката партија. Таа прв пат учествуваше на изборите за Бундестагот во 1983-тата. Денес „Зелените” имаат прва кандидатка за функцијата канцеларка.
Меѓутоа, дури и во богатата Германија на партијата на „Зелените“ и‘ беа потребни цели четириесет години за да стигне на таа цел. Тоа не значи дека во секоја земја на еколошките партии ќе им треба речиси половина век за да станат влијателен политички фактор. За толку долг пат нема повеќе време. Освен тоа, германските „Зелени” го скратија тој пат за идните „зелени” партии насекаде во Европа. Затоа што успеаја да го сензибилизираат целиот политички спектар во Германија за екологијата. Во предизборната кампања денес и големите германски партии во преден план ја поставија „еколошката агенда“, затоа што токму пред почетокот на кампањата им се случи „природата“, во вид на катастрофални поплави.