1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Иднината на Западен Балкан е во НАТО

28 октомври 2011

Германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин се сретна со генералниот секретар на НАТО Андерс фог Расмусен. Теми на разговорот: идниот самит на НАТО во Чикаго и подготовките на конференцијата за Авганистан во Бон.

Заеднички подготовки за Чикаго: Меркел и РасмусенФотографија: AP

Во споредба со исцрпувачкиот ангажман за спасот на еврото од последниве недели, канцеларката Ангела Меркел синоќа во Берлин имаше помирна средба со првиот човек на Северноатланската алијанса, Андерс фог Расмусен. На маса не беа горливи, туку теми кои само се скицираа и кои допрва ќе се дискутираат.
„Разговаравме и за подготовките на самитот на НАТО, што ќе се оддржи во мај наредната година во Чикаго. Тука, на дневен ред ќе бидат теми како Авганистан, но сигурно и соработката со нашите регионални партнери“, изјави канцеларката Меркел. Таа едновремено најави дека и по 2014 година и повлекувањето на НАТО-воените сили од Авганистан, Германија ќе ја продолжи преземената одговорност за обуката на безбедносните сили.

Комплименти за Бундесверот

Според генералниот секретар Расмусен, со претстојната конференција за Авганистан во Бон ќе биде испратен сигнал дека грижата за Авганистан и натаму останува.

Фотографија: NATO

Тој инаку на Меркел и подели многу комплименти за значењето на реформите на Бундесверот и создавањето флексибилни „мудри сили“, но и придонесот и нивното учество во НАТО мисиите, забележувајќи дека неодамна имал прилика ова лично да го види на Косово.


„Во изминативе 12 години, КФОР, сега предводен од Германија, успеа најжешката точка на Европа да ја преобрази во пространа мирна територија“, објасни генералниот секретар. Според него НАТО нема да дозволи последните случувања да ја вратат старата ситуација. КФОР ќе продолжи да помага да се оддржи безбедното опкружување за сите граѓани на Косово, согласно со доверениот мандат од Обединетите нации. „Косово и целиот регион може да очекуваат иднина на евро-атланските интеграции, а не конфронтации од минатото“, заклучи на средбата со канцеларката Ангела Меркел првиот човек на НАТО, Андерс фог Расмусен.

Автор: Силвера Падори-Кленке

Редактор: Александра Трајковска

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми