1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Иднината на Косово

17 март 2005

Крвавите безредија од пред една година го вратија Косово во агендата на светската политика. Покраината официјално се уште и припаѓа на Србија, но од војната пред шест години е под управа на УНМИК. Прашањето за нејзиниот статус и натаму не е расчистено.

Војници на КФОР на Косово
Војници на КФОР на КосовоФотографија: AP

Формулата „Сатндарди пред статус„ ја воведе поранешниот шеф на мисијата на ОН во Приштина, Михаел Штајнер. Тоа значи дека пред да биде решено прашањето за идниот меѓународно-правен статус, на Косово мораат да бидат исполнети цела низа демократски правни стандарди: пред се во подрачјатео на заштитата на малцинствата, враќањето на бегалците и безбедноста. Кон крајот на мај мисијата на ОН повторно ќе го информира Советот за безбедност за досегашниот напредок. Ако извештајот биде позитивен, тоа ќе значи зелено светло за преговорите за статусот. Но, за тоа се потребни натамошни големи напори, подвлекува политичкиот директор во германското министерство за надворешни работи одговорен за Југоисточна Европа, Михаел Шефер. Тој пред се ја критикува ситуацијата на Србите. Тие се уште во нивните енклави страхуваат од напади, вели:

„Затоа во исполнувањето на клучните стадарди нема да има никакви компромиси. Од нас бараниот процес на преиспитување на лето не значи автоматски старт на преговорите за статусот. Меѓутоа, пред се кај тешките прашања на безбедноста и малцинствата, се покажува дека е можен напредок„.

Има експерти за Балканот кои одамна го омекнаа принципот „сатндарди пред статус. Бруно Шох од фондацијата за мир во Хесен:

„Меѓународната заедница од почетокот разви преголеми претстави за демократските стандарди. Меѓутоа, сите нејаснотии остануваат и натаму. Постојат противречности во резолуцијата 1244. Тие не можат да бидат расчистени ако едноствано се каже: сакаме независно Косово, без оглед како ќе се развива натаму состојбата на малцинствата во покраината„.

Михаел Шефер посакува решение да се постигне во дијалог меѓу Приштина и Белград, иако резултатот не може да се предвиди. Тој сепак ги набројува нештата што НЕ доаѓаат предвид:

„Прво, враќање на статусот од пред март 1999. Второ, итна, безусловна независност на Косово. Трето, поделба на Косово. И четврто, приклучување на Косово кон друга држава„.

Што значи, ниту со регионите во Макеоднија каде што живеат Албанци, ниту со Албанија.

Дури и по завршувањето на преговорите за статусот, Шефер смета дека во преодниот период е неопходно меѓународното цивилно и воено присуство. Американскиот експерт за Балканот пак, Мартин Шлезинџер вели дека улогата на ОН на Косово треба да биде послаба, а да се засили онаа на Европската унија:

„Единствениот пат за решавање на косовскиот проблем е нов ангажман на една организација што има добри врски со регионот и може да понуди нешто позитивно. На таков начин ќе исчезне важноста на прашањето за статусот и Косово може да постои во мирен сојуз со Србија„.

Потребата од европска перспектива ја нагласува и германскиот дипломат Михаел Шефер:

„Таа е решавачката погонска сила за демократскиот развој на Косово и неговото приклучување во регионот. Таа треба да биде и вистинскиот мотив за Белград конструктивно да учествува во барањето решение за Косово„.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми