1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Иднината на мобилната комуникација се вика 5G

Волфганг Бернерт / ЕМФ25 февруари 2016

Петтата генерација системи за мобилна комуникација би требало да биде зрела за пазарот до 2020 година. 5G - стандардот веќе годинава е една од главните теми на саемот Mobile World Congress во Барселона.

Фотографија: Fraunhofer FKIE/Richard Clark

Сообраќаен хаос на саемски штанд. Aвтомобили играчки возат едни преку други. Дури откако системот ќе се прешалтува на идниот 5G стандард во мобилната комуникација, сообраќајот повторно се одвива како што треба. Сѐ функционира само затоа што системот реагира екстремно бргу, има висока бит-стапка и е многу сигурен. Само така е можно автономно возење.

Фолкер Хелд, раководител на одделот за развој на 5G во Нокија, објаснува:

„Претставете си дека возите по германски автопат со голема брзина, притоа со целосно управување од мрежата. Што би се случило ако мрежата падне? Тоа не смее да се случи, и затоа ни е неопходен 5G.“

Со новата техника може да се поврзат мрежно и роботи и машини, и тоа во вистинско време. Финскиот производител Нокија на саемот во Барселона прикажува како двајца луѓе заедно цртаат слика во виртуелен простор. Тоа е можно затоа што податоците со системот 5G се движат сто пати побрзо отколку со досегашната техника.

Овде можете да го погледнете видеото:

Иднината се вика 5G

01:44

This browser does not support the video element.

Новата генерација би требало да стане огромен бизнис во сферата на мобилна комуникација. Браншата смета дека до 2020 година во оваа техника ќе се инвестираат 1,4 илјади милијарди долари. Во Барселона фирмите храбро прикажуваат што сѐ можат со 5G. Колкави се притоа трошоците - не кажуваат.

Метс Норин, раководител на одделот за инвестициски менаџмент во Ериксон, вели:

„Ние инвестираме најмногу. На пазарот има голема конкуренција. Ние мораме и сакаме дефинитивно да ја задржиме нашата позиција на пазарот. Затоа инвестираме огромни суми.“

Технолошки фирми од Кина и Јужна Кореја исто така мешаат прсти во трката за мобилната мрежа на иднината.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми