1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Новинарите и ИД - стравот е сеприсутен

Даниел Хајнрих / Е.М. Фиданоска30 декември 2015

Критичарите на Исламска држава не се безбедни дури ни надвор од сириските граници. Во Турција на улица е убиен новинарот Наџи ал-Џерф кој ја критикуваше ИД. Случајот е поврзан и со други убиства.

Луѓе кои тагуваат поо убиениот новинар ал-Џерф држат негови фотографииФотографија: Getty Images/AFP/Str

Имаше само 37 години. Сирискиот новинар и филмаџија Наџи ал-Џерф е убиен во Газиантеп, во Турција, на улица. Муб еше пукано двапати в глава. Зад себе остави две ќерки.

Наџи ал-Џерф беше познат по своите критички извештаи за Исламска држава (ИД). Во неговите репортажи беа опишувани злосторствата на ИД. Неговото последно дело е документарниот филм за поранешниот трговски град Алеп, во кој исто така се опишани суровоста и злосторствата на ИД.

Сирискиот театарски режисер Навар Булбул по смртта на новинарот за ДВ рече: „Со смртта на Наџи си замина еден од навистина големите сириски синеасти. Тој е херој на сирискиот филм.“ За Навар Булбул е јасно кој стои зад смртта на Наџи ал-Џарф: „Се разбира дека тоа беа платеници на ИД.“ Сепак, вели режисерот, за смртта на неговиот пријател е виновен и режимот на Асад: „Да ги немаше злосторствата на тој луд режим, ИД немаше воопшто да постои.“

АКП против отворено известување

Смртта на Наџи ал-Џерф се случува во време во кое ситуацијата за новинарите во Турција станува сѐ потешка. На ранг листата на слобода на печат што ја прави организацијата Репортери без граници, земјата е на 149 место од вкупно 180 држави.

Навар Булбул: Мора да продолжиме да раскажуваме што се случува во СиријаФотографија: Nawar Bulbul

Во Турција за случајот се известува малку. Анализа за состојбите поради кои се случило убиството? Нема. Експертот за Турција Герет Џенкинс смета дека за тоа е одговорна владејачката партија во Турција: „АКП се обидува да потисне секаков вид известување кое би можело да фрли негативно светло врз нејзе“, оценува експертот од „Институтот за безбедност и развојна политика“ во Истанбул. „Дел од тоа е и можноста за симпатизерите на ИД да убиваат луѓе во Турција.“

Клима на страв

Навистина, убиството на ал-Џерф е еден од низата убиствени напади врз противници на ИД во Турција. Покрај самоубиствените атентати на Курдите или левичарските политички активисти, во визирот на терористите се наоѓаат постојано и сириски новинари.

Фотографија од погребот на новинарот Наџи ал-ЏерфФотографија: Getty Images/AFP/Str

Во октомври, во Урфа, на само 140 километри источно од Газиантеп, каде се случи актуелното убиство, ладнокрвно беа убиени Ибрахим Абд ал-Кадер и Фарес Хамади. И тие, како и ал-Џерф работеа за платформата „Raqqa is Being Slaughtered Silently“. Сириската организација која од „илегала“ ги открива злосторствата на Исламска држава есенва ја доби наградата „International Press Freedom Award“. Портпаролот и соосновач на групата, Абдалазис Алхамза, за ДВ изјави: „Тагуваме поради смртта на нашиот близок пријател. Мислевме дека во Турција сме во безбедна земја. Разочарани сме, но нема да се откажеме од она што го правиме.“

Експертот за Турција, Герет Џенкинс, сѐ уште не може да ги согледа последиците за критичкото новинарство во Турција: „Најголем проблем е стравот кој сега владее. Многу новинари намерно избегнуваат критичко известување за политиката во Сирија. А, токму постапките на АКП, намерно или не, доведоа до тоа симпатизерите на ИД да се чувствуваат толку силни што едноставено може да убиваат луѓе.“

За пријателите - идол

Токму поради тоа што не дозволуваше да биде замолчен од непријателското опкружување Наџи ал-Џарф беше херој во очите на Навар Булбул. Тој знае како е да се бега од терор. Поради војната во татковината, Булбул избегал во соседен Јордан. Но, и таму состојбата не му е лесна. Сепак, не дозволува да го запрат да работи. „Се плашам и од ИД и од Асад, но не смееме да ја загубиме надежта“, вели тој. „Зашто, токму како новинари, режисери и уметници сме обврзани на светот да му покажеме што се случува во Сирија.“

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми