ИД ја презема одговорноста за крвавиот напад во Кабул
СН/ агенции
28 декември 2017
Терористичката милиција Исламска држава ја презема одговорноста за самоубиствениот бомбашки напад врз културниот центар во Кабул, во кој загинаа десетици луѓе.
Реклама
Најмалку 36 луѓе се убиени, а 38 ранети во самоубиствениот бомбашки напад врз седиштето на шиитската културна и верска организација во главниот град на Авганистан, Кабул. Фотографиите поставени на социјалните мрежи прикажуваат бројни тела во дворот на зградата по нападот.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека самоубиствениот бомбашки напад следел по две експлозии во истата населба.
„Цел на нападот беше културниот центар Табјан. Нападот е изведен додека се одржуваше церемонија за одбележување на 38 годишнината на советската инвазија на Авганистан“, изјави заменик портпаролот на министерството за внатрешни работи Насрат Рахими.
Во меѓувреме се огласи и терористичката милиција Исламска држава, која ја презде одговорноста за нападот. На нивната пропагандна интернет страница Амак беше јавено дека нападот го извршил член на џихадистичката милиција.
Во последните месеци т.н. Исламска држава презеде одговорност за нападите врз шиитски цели ширум земјата. Талибанците објавија соопштение во кое се наведува оти тие не стојат зад денешниот напад.
Што всушност претставува „Исламска држава“?
„Исламска држава“, покрај разорувањата во Ирак и Сирија, во вестите често се наоѓа и поради нејзината бруталност. Што е ИД и колку е моќна? Во продолжение ви претставуваме одговори на најчесто поставуваните прашања.
Што е „Исламска држава“?
Се смета дека „Исламска држава“ е фракција од терористичката организација Ал Каеда, т.е. сунитска милитантна група, за која се верува дека е формирана како одговор на недовербата и фрустрациите од неуспешното владеење на владите во Сирија и Ирак. На нивното знаме пишува „Мухамед е пророкот на Бог“ и „Нема друг бог освен Алах“ - фрази со кои се согласуваат сите муслимани, не само „ИД“.
Фотографија: AP
Каде е активна „Исламска држава“
Целта на „Исламска држава“ е формирање на „калифат“ - држава каде се почитуваат традиционалните вредности на исламот и шеријатското право. Поради нестабилноста на регионите во Сирија и Ирак, „Исламска држава“ успеа да освои и да стави под своја контрола тероитории во двете држави.
Што ја прави „Исламска држава“ различна?
Клучна разлика е бруталноста на „Исламска држава“ со која се влева страв кај противниците и цивилите - преку егзекуцијата со обезглавување и бруталното насилство. Лидерите на „ИД“ велат дека владеат со регионите кои ги освојуваат. Експертот за Средниот Исток, Шади Хамид за ПБС изјави: „Тие нудат социјални услуги. Управуваат со локалната власт. Обезбедуваат минимално ниво на право и поредок“.
Фотографија: gebphotography - Fotolia.com
„ИД“ во однос на останатите терористички организации?
„ИД“ е активна во Сирија и Ирак, но нигериската терористичка организација Боко Харам неодамна ја изрази својата поддршка. Тоа е како натпревар во суровост: додека Боко Харам е одговорна за 13.000 смртни случаи, „ИД“ е одговорна за најмалку 24.000 повредени или убиени. Ал Каеда се дистанцираше од „ИД“, а една од нејзините фракции наречена Нусра Фронт се бори против „ИД“.
Фотографија: Getty Images/A. Katib
Кои се следбениците на „Исламска држава“?
Нешто по кое се разликува „ИД“ се нејзините следбеници. Повеќе од 20.000 странски борци се придружија на групата, од кои повеќе од 4.000 доаѓаат од западна Европа и северна Америка. На сликата се прикажани државите од каде што потекнувааат најголемиот дел на борците. Најголем број борци - споредено со вкупниот број на жители на земјите, доаѓаат од мали земји како Шведска и Белгија.
Што преземаат западните влади против „Исламска држава“?
Од август 2014 година, коалиција предводена од САД спроведува воздушни напади против цели на „ИД“ во Сирија (1.422 напади) и Ирак (2.242 напади). Некои влади исто така беа активни во рамките на нивните држави: Германија ќе процесуира најмалку 30 осомничени милитанти кои се вратиле од Сирија, додека Саудиска Арабија уапси 93 осомничени милитанти во април 2015 година.