1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Изборите во Албанија половично ги исполнија демократските стандарди

5 јули 2005

Мисијата на ОБСЕ, Советот на Европа и Европскиот парламент со оценка дека изборите во Албанија половично ги исполниле меѓународните стандарди. Иако сеуште нема официјални конечни резултати, претседателот на демократската партија Сали Бериша веќе прогласи победа

Тирана
ТиранаФотографија: DW

Државните и локалните власти и најголемите политички партии не покажуваат политичка волја за исполнување на обврските за задоволителен резултат од изборниот процес, изјави шефот на мисијата на ОБСЕ Јорген Грунет. Со слична оценка за текот на изборите се огласи и Советот на Европа од каде повикаа веднаш да започнат реформи на албанскиот изборен систем.

Според европреставникот Мортен Остерград оцени дека властите пропуштиле да сторат повеќе нешта воочи одржувањето на изборите. Групно гласање во руралните средини, нецелосни избирачки списоци, недостаток на документи за идентификација се само дел од забелешките кои според меѓународните преставници фрлаат сенка врз изборите, чиј епилог е можно да биде соопштен во текот на денот имајќи предвид дека пребројувањето на гласовите се одвива споро.

Високиот преставник на ЕУ Хавиер Солана побара да бидат испитани извештаите за нерегуларностите, со цел тие да не се случат во иднина.

Предвременото прогласување победа на лидерот на Демократската Партија Сали Бериша, во јужниот дел од Албанија предизвика немири во кои според агенциски извештаи две лица ги загубиле животите. Бериша синоќа прогласи триумф, додавајќи дека граѓаните извојувале голема победа против криминалот и корупцијата. Низ повеќе градови на земјата граѓаните славеа, во некои делови и со рафални истрели од огнено оружје.

Сали Бериша директно ја обвини актуелната власт за корупција, најавувајќи дека во првите шест месеци по доаѓањето на власт ќе ги обелодени сите афери. Според првичните неофицијални резултати на централната изборна комисија Демократите освоиле мнозинство во големите градски средини.

Македонската заедница во Албанија не успеа да добие преставник во парламентот. Иако одзивот во регионот на Преспа бил голем Ѓорѓи Танев кој на изборите настапуваше како кандидат на партијата за човекови права не доби доволно гласови за пратенички мандат. Партијата македонска алијанса за европска интеграција поради доцнење со регистрацијата не учествуваше на овие избори.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми