1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Изборите во Србија

1 февруари 2008

Германските дневни весници ја коментираат одлуката на премиерот Воислав Коштуница кој донесе одлука да не го поддржи Борис Тадиќ

Serbien Wahlen Plakat von Boris Tadic und Tomislav Nikolic
Србија пред избориФотографија: AP
Весникот „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“во коментарот за изборите во Србија забележува: „Воислав Коштуница долго одолговлекуваше пред да ја донесе одлуката да не го поддржи Борис Тадиќ. На тој начин индиректно го поддржа радикалот Томислав Николиќ. Тадиќ го отфрли условот на Коштуница, Србија да го прекине процесот на приближување кон ЕУ, доколку таа испртати мисија на Косово. Во ДП се надеваат дека ваквата понуда бирачите ќе ја сватат како неморална понуда. Актуелниот претседател е против признавање на независно Косово, но истовремено и свесен дека таквото нешто наближува. Оттука, тој не сака својата земја да ја одведе во самоизолација. Анкетите покажуваат дека неговиот став го дели мнозинството население во земјата. Во случај Србија денес да одлучува за влез во Унијата, 73% жители би го поддржале таквиот чекор“ коментира „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“ Весникот „Ноје Цирихер Цајтунг“ пишува за неодамнешното барање на премиерот на Република Српска Милорад Додик, правото на отцепување да се вгради во уставот на БиХ. Во текстот читаме: „Меѓународното право по ова прашање може различно да се интерпретира. Од една страна народите имаат право на самоопределување, иако тоа не мора автоматски да води и кон право на сопствена држава. Над тоа стои интерес за стабилноста на регионот и територијалниот интегритет, во случајов на Србија. Во секој случај, народите имаат право на автономија, во екстремен случај на сецесија. Екстремните случаи се појавуваат кога еден народ систематски е попречуван да учествува во власта, што може да се каже за косовските албанци. Тие имено систематски се попречувани да учествуваат во политичките процеси, што е предуслов за нивен политички, економски и културен развој. Тоа беше случај првенствено во деведесетите години на минатиот век, кога им беше укината автономијата, а уставот на Србија беше сменет со референдум, кој странските набљудувачи го оценија како нетранспарентен и нефер. На него меѓу другото косовските албанци не можеа да гласаат“ заклучува во коментарот „Ноје Цирихер Цајтунг“
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми