1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Избори во БиХ: Малкумина веруваат во подобро утре

СН/ агенции
6 октомври 2018

Во Босна и Херцеговина утре се оддржуваат осмите општи избори во земјата. Граѓаните со поделени очекувања за ситуацијата во земјата по изборите

Bosnien-Herzegowina Wahlen in Bosnien
Фотографија: Klix.ba

Граѓаните на Босна и Херцеговина во недела на 7 октомври ќе избираат членови за Претседателството на БиХ, нов државен состав во парламетот, претседател на Република Српска, пратеници во парламентот на Федерацијата БиХ и во Народното собрание на РС, како и застапници во собранијата на 10 кантони во Федерацијата БиХ.

Ова ќе бидат осми општи избори во историјата на Босна и Херцеговина.

Годинешните избори во БиХ, како и сите претходни, ќе бидат одржани во атмосфера на длабоки национални и ентитетски поделби, а им претходеше предизборна кампања која аналитичарите ја сметаат за најнечиста во повоената историја на БиХ.

Повеќе на темата:

-БиХ - избори во пропадната држава

-Руски игри на изборите во БиХ

Тоа особено се однесува на Република Српска, во која кампањата обилуваше со говор на омраза и подбуцнувачка реторика, но не насочена кон кандидатите од бошњачкиот и од хрватскиот народ, туку кон претставниците на спротиставените политички опции од српскиот народ.

Дојче Веле направи анкета за очекувањата на граѓаните во повеќе градови во БиХ. Нивните мислења се поделени. Додека едните очекуваат подобро, бидејќи полошо не може да биде, другите сметаат дека нема ништо да се промени.

Повеќе во следново видео:

Што очекуваат граѓаните од изборите во БиХ?

01:26

This browser does not support the video element.

 

 

 

 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми