Избори во БиХ
2 октомври 2006
рати. Неизвесна е трката за хрватскиот преставник во претседателството
Иако се изброени само 40% од гласовите, Харис Силајџиќ во триумфално расположение ги издвои приоритетите на идната политика:
„Економијата е сигурно приоритет, а внатрешното уредување ќе го договараме, додека тоа не биде договорено. Што се однесува до целовитоста на БиХ, па и подобриот живот, граѓаните можат сигурно да спијат мирно„
Сулејман Тихиќ од Партијата за демократска акција го призна поразот од партијата на Силајџиќ но нагласи дека неговата партија поминала подобра од онаа на лидерот
Нов српски преставник во претседателството на БиХ најверојатно ќе биде Небојша Радмановиќ од сојузот на независните социјалдемократи, чиј лидер е Милорад Додик. Игор Радојинќиќ претседател на СНСД не го крие задоволството
„ Можеме да кажеме дека тртендовите во сојузот на независните социјалдемокерати во моментов на теренот се фантастични и веројатно се наоѓаме пред прагот на една убедлива победа на сите нивоа„
Во таборот на СДС пак не се претерано задоволни но, ниту разочарани од резултатот бидејќи сепак се очекувало дека ќе добијат помалку гласови. Младен Восиќ кандидат за член на претседателството на БиХ вели:
„ Очигледно е дека Милорад Додик ја искористи ситуацијата во која се наоѓа тој и Република Српска. Мислам дека по овие избори, без разлика на епилогот, мора да се размисли за функцијата на јавниот сервис
Неизвесност владее во трката за хрватски член во претседателството. Иво Мире Јовиќ од ХДЗ е во тесно водство пред Жељко Комшиќ од СДП и Божо Љубиќ од ХДЗ. Последниов забележува дека се е отворено:
„ 60% од гласовите сеуште не се обработени и според тоа, бројките кои ги добија хрватските кандидати ќе бидат поголеми„
Конечните резултати треба да бидат објавени денес во Сараево. Тогаш ќе биде познато и она што е поважно,односно кој ќе има мнозинство во парламентите во ентитетите и во БиХ. Вкупно на изборите излегле 1.420.000 гласачи односно 52,74% граѓани со право на глас.