Избори во САД: Што ако нема јасен победник на изборната ноќ?
Саманта Бејкер
3 ноември 2020
Бројните гласачи по пошта и длабокиот политички раскол може да го одложат брзото објавување на резултатите од претседателските избори во САД. Кои сценарија се можни на денот на изборите на 3 ноември 2020 година и потоа?
Реклама
Вообичаено, резултатите од изборите во САД пристигнуваат во текот на изборната ноќ. Во раните утрински часови, поразениот кандидат во официјално обраќање го признава својот пораз.
Но, годинава, рекорден број Американци решија да гласаат по пошта поради загриженост од пандемијата на коронвирусот. Ова значи дека пребројувањето на гласовите ќе трае подолго, така што „изборната ноќ“ може да трае со денови, па дури и со недели. На ова треба да се додадат и сомнежите кај некои републиканци во врска со кредибилитетот на поштенското гласање и повтореното одбивање на претседателот Доналд Трамп да вети дека ќе го признае официјалниот резултат на изборите. Сето ова може да доведе до хаотичен постизборен период.
Следниве сценарија можат да се замислат за изборите во САД во 2020 година:
Гласањето по пошта го забавува процесот
Поради пандемијата на коронавирусот, според весникот „Њујорк тајмс“ биле побарани или испратени 81,7 милиони поштенски гласачки ливчиња за општите избори. Експертите проценуваат дека секој втор глас би можел да дојде по пошта.
Во Колорадо, Орегон, Вашингтон, Јута и Хаваи, тоа не е проблем. Изборните работници таму се запознати со постапката. На другите сојузни држави, кои пак од март им го олеснија на граѓаните гласањето по пошта, би можело да им е потребен ден или повеќе за да ги пребројат гласачките ливчиња испратени по пошта - особено на оние држави кои смеат да ги бројат ливчињата само на денот на изборите, на пример т.н. „Battleground States’ ( „држави - бојно поле“) како Висконсин и Пенсилванија. Во овие „изборно колебливи држави“, и републиканците и демократите имаат добри шанси да победат на изборите.
За време на прелиминарните избори во март годинава, на државите им беа потребни во просек по четири дена за да ги објавати речиси комплетните резултати, открива анализата на „Вашингтон пост“.
„Изборните менаџери на оваа земја, администраторите, се многу, многу ангажирани“, објаснува Еди Голденберг, професор по јавна политика и политички науки на Универзитетот Мичиген. „Мислам дека тие се справија со многу од потешкотиите, кои беа забележани за време на прелиминарните избори“.
На општите избори во ноември, државите ќе обработуваат многу повеќе гласачки ливчиња отколку за време на прелиминарните избори. Некои држави ги продолжија своите рокови за прифаќање на гласови дадени по пошта до средината на ноември, доколку тие имаат поштенски марки од денот на изборите - вклучително Пенсилванија, Северна Каролина и Мичиген, т.н. Swing States", или „изборно колебливи држави“, во кои ниту една партија не доминира.
Дури и во државите каде гласачкото ливче мора да пристигне до денот на изборите, пребројувањето на гласовите може да потрае и до една недела .
„Тешко е да се предвиди нешто“, рече Голденберг. Некои сојузни држави ќе знаат веќе во изборната ноќ како стојат во однос на дадените гласови. Но, многу од нив нема да знаат.
Сомнежи во врска со гласањето
Во пресрет на овие избори, претседателот Трамп и другите републиканци го доведоа во прашање кредибилитетот на поштенското гласање , иако случаите на измама при гласањето по пошта - како и генерално изборната измама- е многу ретка, вели анализата на „Њујорк тајмс“.
Самиот претседател го испрати своето гласачко ливче по пошта, а истото го стори на последните избори за Конгресот и на прелиминарните избори во Флорида годинава.
Трамп е „загрижен за одредени држави кои автоматски испраќаат гласачки ливчиња до секој регистриран гласач“, изјави за ДВ вршителот на должноста заменик-секретар на Министерството за внатрешна безбедност, Кен Кучинели.
Но, тоа овојпат ќе биде поинаку. Имено, шест од десет граѓани со право на глас сакаат да гласаат лично на гласачкото место (80 проценти републиканци и 40 проценти демократи). Останатите 4 од 10 гласачи ќе го заокружат својот избор на поштенското гласачко ливче, предвидува тинк-тенк институтот Брукингс.
Различното планирано однесување при гласањето на приврзениците на демократите и на републиканците ќе има влијание врз проекциите за изборниот резултат. Така прелиминарните анкети од избирачките места првично би можеле да покажат водство на републиканците, додека подоцна резултатите од пребројувањето на поштенските гласачки ливчиња би можеле да покажат пораст на гласовите за демократите.
Избори за правниците?
И демократите и републиканците сметаат на правни конфликти по изборите. Досега имено се поднесени 365 тужби во врска со изборите и двете кампањи пред изборите составија впечатливо големи правни тимови .
Повеќето тужби за тоа како се спроведуваат изборите ќе бидат решени во судовите на сојузните држави, вели Брус Акерман, експерт по уставно право и професор по право на универзитетот Јеил.
Изборите во САД низ карикатури
Доналд Трамп или Џо Бајден? Досегашната кампања за претседателските избори во САД на 3 ноември понуди многу материјал за карикатуристите ширум светот.
Претседателска тепачка во кал
Што се случи по ѓаволите со културната политичка дебата во САД? - се прашува чешкиот карикатурист Маријан Каменски заедно со остатокот од светот. Првата конфронтација на ТВ меѓу противниците за функцијата претседател дегенерираше како во тепачка во кал. Наместо да се служат со аргументи, тие се навредуваа меѓусебно.
„Валкани тактики“ и тежок терен
Kандидатката за потпретседателка на САД на Демократската партија, Камала Харис, спомена „валкани тактики“ на сегашниот претседател. Демократите се чувствуваат дека се движат по тежок терен, смета и германскиот карикатурист Јенс Крике. Доналд Трамп се чини дека не се грижи за тоа, тој изгледа дистациран, како злобна вештерка од бајка.
Фотографија: Jens Kricke/toonpool.com
Фалбаџиска пропаганда
Овој претседател обожава суперлативи, тој тврди: „Јас сум најмалку расистичката личност што некогаш сте ја виделе.“ „Никој нема поголема почит кон жените од мене.“ „Јас разбирам повеќе за парите од другите“. И, се разбира, САД никогаш немале подобар претседател. Но, во овој скеч на Мартин Ерл, Трамп го фали фотографот како „еден од најдобрите во светот“.
Фотографија: Martin Erl/toonpool.com
„Заспаниот Џо“ и „Кловнот“
Бајден е „заспан старец“ и „марионета на радикалната левица“, вели Трамп, Бајден пак, го Трамп критикува Трамо расист, лажго, кловн и „најлошиот претседател кој Америка некогаш имала“. Италијанскиот уметник Кристи ги сведе овие препукувања во една карикатура.
Инфантилно однесување
И луѓето во Африка се зачудени од недржавничкото однесување на Трамп. Карикатуристот Дамиен Глез од Буркина Фасо го гледа претседателот како мал неранимајко, кој сака да биде по негово без оглед на цената. Она што не одговара, со сила ќе биде направено да одговара. Со надеж е дека не е удира по нуклеарното копче.
Трампѕила
Првиот јапонски филм „Гоѕила“ се појави на екраните во 1954 година. Каде и да помине огромниот гуштер остава пустош. Карикатуристот Такеши Кишино очигледно е развивањето на агресивниот претседател на САД во огромното чудовиште Гоѕила. Може ли Џо Бајден да има шанси против оваа Трампѕила?
Алфа мажите се држат заедно
Доналд Трамп ужива во друштво на лидери кои не се многу загрижени за демократските норми: Путин, Ердоган и севернокорејскиот диктатор Ким Јонг Ун. Холандскиот карикатурист Тјерд Ројардс смета дека заедничко на овие политичари е архетипското ривалско однесување на самонаречени алфа-мажи. Трамп, од друга страна, го нарекува Џо Бајден „слаб старец“, односно за него тој е несериозен противник.
Не ги викајте преселувачите
Трамп повеќепати јасно стави до знаење дека сака да остане во Белата куќа. Доколку ги загуби изборите, тој досега експлицитно не се согласил на мирна транзиција, велејќи само: „Па, ќе видиме што ќе се случи.“ Тој веќе ја повика својата база да протестира доколку не биде реизбран. Но, што ако Бајден стане претседател?
Фотографија: Cartoonfix/toonpool.com
Стабилна династија
Трамп, исто така, го доведе во прашање американскиот устав со кој се забранува трет мандат. Дали размислува за доживотно претседателство? Целото семејство често се појавува на митинзите за кампањата, вклучувајќи го и најмладиот син, Барон, што можеби ја поттикна визијата на германската карикатуристка Кристијане Фолман за раѓањето на монархија во САД.T
Фотографија: Chrsitiane Pfohlmann/toonpool.com
9 фотографии1 | 9
Тој и другите експерти сметаат дека е малку веројатно дека ќе видиме повторување на случајот Буш против Гор од 2000 година пред Врховниот суд на САД, кој всушност го одлучи исходот на тие претседателски избори, и покрај тоа што претседателот Трамп изнесе поинакви тврдења.
„Случајот Буш против Гор имаше негативни последици за Врховниот суд на САД“, вели Акерман за ДВ. „Тоа беше преседан, кој ги шокираше правните научници од целиот спектар.“
Она што Акерман всушност го вели е дека е поверојатно оти Конгресот ќе го избере победникот.
Конечната одлука мора да падне во јануаруи
Доколку ниту еден кандидат не обезбеди мнозинство од изборните гласови, поради нерешен резултат од гласањето или нерешените спорови околу гласовите во поединечни сојузни држави, новоизбраниот Претставнички дом на Конгресот тогаш би одлучувал кој ќе биде претседател најдоцна до 6 јануари, како што е предвидено во Уставот на САД. Последен пат тоа се случи во 19. век.
Понатамошно компликување на работите може да има ако сојузните држави не ги изберат своите електори до 8 декември - можеби поради тоа што сè уште ќе се во тек судските спорови - Конгресот не мора да ги прифати резултатите од нивната сојузна држава.
Што ќе се случи ако до денот на инаугурацијата на 20 јануари, не биде донесена одлука за идниот претседател? Тогаш функцијата ја презема избраниот потпретседател или спикерот на Претставничкиот дом, во зависност од тоа дали Сенатот го има избрано потпретседател до 20. јануари.
Овластувањата на најмоќниот државник во светот
Шефот на Белата куќа има најголема моќ во светската политика – барем така се верува. Но, дали е навистина така? Овластувањата на претседателот на САД се ограничени. И други актери играат важна улога.
Фотографија: Klaus Aßmann
Така вели Уставот...
Претседателскиот мандат во САД трае четири години, а претседателот може да биде реизбран само еднаш. Тој е шеф на државата и шеф на владата, односно управува со извршната власт. Задача на претседателот е да ги спроведува законите изгласани од Конгресот. Претседателот како највисок дипломат може да прима странски амбасадори и на тој начин да признава држави.
Фотографија: Klaus Aßmann
Кој кого контролира?
Трите власти - законодавната, извршната и судската - се поделени и се контролираат меѓусебно. Претседателот има право да помилува осуденици и да ги назначува федералните судии, министрите во кабинетите и амбасадорите на САД - но само со согласност на Сенатот. Ова е еден од механизмите со кои законодавната власт ги контролира активностите на извршната власт.
Фотографија: Klaus Aßmann
„State of the Union“
Американскиот претседател е должен редовно да го информира Конгресот за состојбата на државата. Тоа го прави ова во годишниот „говор за состојбата на нацијата“ („State of the Union“). Претседателот нема право да предлага закони на Конгресот, но за време на говорот може да наведе своите теми и приоритети. Со тоа тој може јавно да врши притисок врз Конгресот. Но, ништо повеќе од тоа.
Фотографија: Klaus Aßmann
Претседателско вето
Претседателот може да одбие да потпише закон донесен од Конгресот и тоа всушност неговото право на вето. Конгресот може да го отфрли претседателското вето само доколку обезбеди двотретинско мнозинство во двата дома на парламентот. Во историјата на САД се познати 1.500 случаи на претседателски вета. Од нив, само 111 (7%), биле успешно надгласани.
Фотографија: Klaus Aßmann
Сива зона
Уставот на САД и одлуките на Врховниот суд не даваат јасна слика за тоа колкава моќ има претседателот. Всушност, претседателот има право на уште еден вид вето, познато како "џебно вето". Под одредени услови, претседателот може одреден закон да со „стави во торба“ и со тоа тој станува неважечки. Овој тип на вето не може да биде надгласано во Конгресот. Овој трик бил користен скоро 1.000 пати.
Фотографија: Klaus Aßmann
Наредби со сила на закон
Претседателот на САД на членовите на владата може да им наметне одреден начин на однесување. Тој издава препораки, т.н „извршни наредби“ (Executive Orders), имаат сила на закон. Сепак, тоа не значи дека на претседателот сè му е дозволено: судовите можат да ги поништат наредбите, Конгресот - да ги сопре со соодветни контра закони, а следниот претседател може да ги укине.
Фотографија: Klaus Aßmann
Конгрес...
Претседателот има право да склучува договори со странски влади, кои потоа треба да бидат одобрени со мнозинство во Сенатот. Ова може да се избегне, ако наместо договор претседателот склучи еден вид меѓувладин договор т.е. „извршен договор“ (Executive Agreement). Ваквите договори се валидни се додека Конгресот не ги оспори или не ги укине со закон.
Фотографија: Klaus Aßmann
Кој може да објави војна?
Претседателот е врховен командант на вооружените сили на САД, но војна може да објавува само Конгресот. Сепак не е многу јасно колку војска смее да испраќа претседателот во вооружените конфликти без одобрение на Конгресот. По војната во Виетнам, Конгресот го усвои следново правило: претседателот може да ги користи надлежностите се додека Конгресот не ги оспори.
Фотографија: Klaus Aßmann
Ултимативна контрола
Ако претседателот ги надмине или злоупотреби овластувањата или изврши кривично дело, Претставничкиот дом, против него може да отпочне процедура за отстранување од должноста. Досега имало два такви обиди, но и двата завршиле несупешно. Сепак, постои многу ефикасен инструмент за да се сопре претседателското самоволие: тоа намалувањето на буџетот – што е во надлежност на Конгресот.
Фотографија: Klaus Aßmann
9 фотографии1 | 9
Прифаќање на резултатите
Друг можен исход е Трамп да одбие да ги прифати изборните резултати ако загуби. Како одговор на коментарот на Трамп во септември, дека „мора да видиме што ќе се случи“, американските сенатори едногласно усвоија резолуција со која се гарантира мирна транзиција на власта.
Многу набљудувачи на изборите се надеваат дека резултатите ќе бидат доволно јасни и оти нема да дојде до тоа.
„Јас генерално сум оптимист дека ќе биде така затоа што интересот за изборите е исклучително голем“, вели Голденберг. „Навистина мислам дека во ноември ќе спроведеме разумно непроблематични избори.“