1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Зошто е изборната кампања во Белорусија толку интересна?

Александра Богуславскаја
25 јули 2020

Александар Лукашенко сака во август да добие шести мандат како претседател на Белорусија. Но, се појавија неочекувани противкандидати. Државата веќе реагираше со сила и со забрани.

Belarus Minsk Kundgebung zur Unterstützung potenzieller Präsidentschaftskandidaten
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/S. Grits

Претседателската кампања во Белорусија започна со апсење на опозиционери и масовни протести. Неколкумина кандидати беа уапсени во обид да соберат потписи за поддршка во главниот град Минск. Ним надлежните претходно им забранија да се кандидираат.

Кај Централната изборна комисија се пријавени рекордни 55 кандидати за изборите на 9. август. Но, прифатени се само 15 иницијативи, од кои еден кандидат веќе се повлече од трката. Преостанатите 14, вклучувајќи го и повеќедеценискиот владетел Александара Лукашенко (65), до почетокот на јули треба да предадат по 100.000 потписи со поддршка од граѓани. 

Лукашенко објави дека има 200.000 потписи. Тој е на власт веќе 26 години и нема намера да си замине.

Повеќе:

Кој ги демантира наводите на крунскиот сведок?

ДВ истражување: Одредите на смртта од Минск

Белорусија – парламент без опозиција

Последниот европски диктатор слави 25 години на власт

Најпознати ривали се некогашниот шеф на „Балгезпромбанка" Виктор Бабарико и Валериј Цепкало, поранешен шеф на белорускиот Хај-Тех Парк , проект од голема важност за бившата советска република која понекогаш се нарекува и „Силициумска долина на Европа".

Цепкало, чија кандидатура во меѓувреме беше одбиена сега избега во Москва поради страв од можно апсење, соопшти неговиот тим за предизборната кампања. Тој со себе ги земал децата додека пак неговата сопруга Вероника Цепкало останала во Белорусија и се приклучила на кампањата на главната протиивничка на Лукашенко на изборите, чија кандидатура е прифатена. Станува збор за Светлана Тихановска..

Јутјуберот и неговата сопруга

Во трката сакаше да учествува и сопругот на Тихановска, опозиционерот и јутјубер Сергеј Тихановски (41), но неговата иницијатива не доби одобрение од изборната комисија. Тихановски на Јутјуб го има каналот „Земја за живот", кој го следат 200.000 луѓе. На почетокот на мај беше притворен на 15 дена поради тоа што  на крајот на ланската година учествуваше во протести против дополнително зближување на Белорусија и Русија.

По излегувањето од затвор, Тихановски објави дека сака да стане претседател. Но, по забраната на кандидатурата, ја поддржа својата сопруга Светлана Тихановска како кандидатка. „Во изборната кампања на мојата сопруга јас ќе играм главна улога, додека нејзината улога е формална", изјави Тихановски за Дојче веле. Нему му се придружија уште некои луѓе кои уживаат популарност на интернет.

Собир во Минск за поддршка на потенцијални претседателски кандидатиФотографија: picture-alliance/AP Photo/S. Grits

„На претходните избори немаше изненадувања меѓу кандидатите", вели Катерина Шматина од белорускиот Институт за стратешки студии. Тогаш, додава таа, покрај Лукашенко настапуваа „статисти на власта" и по некој опозиционер. Сега има луше кои можат да привлечат добар дел од умерените избирачи, смета таа.

Шматина за „еден од статистите" го опишува и пратеникот Олег Гајдукевич, шеф на Либерално-демократската партија кој се повлече од трката и изјави дека народот треба да го поддржи Лукашенко како „единствен гарант на единството на земјата."

Својот прв мандат Лукашенко го доби во вториот круг од изборите во 1994. година, а на наредните четири избори однесе убедлива победа во првиот круг со околу 80 проценти од гласовите.

Забранети анкети

Какви се сега чии шанси, тоа во Белорусија никој не го знае. Имено, репрезентативни анкети за општествено-политички теми смеат да спроведуваат само истражувачи со акредитација од Државниот институт за социологија од Академијата на науки, а такви нема многу и се под контрола на власта.

Одделни анкети на онлајн-порталите затоа не можат да се земат сериозно, според нив претседателот Лукашенко има само шест проценти поддршка, но можат да бидат индикатор за расположението во дел од гласачкото тело.

„Економската ситуација е експлозивна, а коронавирусот беше запалка", вели Андреј Вардомазкиј, експерт за Белорусија од Варшава. Лукашенко долго ја минимизираше опасноста од коронавирусот и не преземаше мерки на претпазливост.

Во сѐ поголемо незадоволство кај граѓаните од вечниот владател верува и политикологот Александар Федута, кој во дамнешната 1994 година бил во изборниот штаб на Лукашенко. Федута смета дека Лукашенко се подготвува и на насилно сценарио. „Тоа го покажува кривичната постапка против блогерот Тихановски и апсењето на 15 активисти", вели политикологот.

Критика веќе изрече и Комисијата за човекови права на Парламентарното собрание на ОБСЕ. Апсењето на познати политички активисти е вмешување во кампањата и може да има ефект на застрашување во општеството, е наведено во соопштението.

Во врска со забраните за одржување протести и апсењата, Лукашенко изјави дека во Белорусија нема да бидат дозволени „Шарени револуции", ниту пак „нов Мајдан", алудирајќи на централниот плоштад во Киев од каде почна соборувањето од власт на бившиот украински претседател Виктор Јанукович.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми