Изборната кампања почна предвреме
6 мај 2008Реклама
Недостасуваат само изборни плакати и билборди. За нив веројатно ќе се чека официјалниот почеток на 11-ти мај. Инаку предизборната кампања, партиите од власта и опозицијата веќе ја започнаа. Се користи секо повод и манифестација за изборна промоција како во македонскиот така и во албанскиот блок.
И покрај претходните договори темата за името и грчко - македонскиот спор сепак остануваат централна тема во предизборна Македонија.