1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Изборниот закон во Германија е противуставен

ЕМФ/ард/дв25 јули 2012

Уставниот суд во Карлсруе денеска (25.07) ја прогласи реформата на изборното право донесена во 2011 година за неуставна, поради тоа што е спротивна на уставните одредби за рамноправни шанси на партиите.

Фотографија: dapd

Вториот сенат на Уставниот суд ја усвои жалбата на пратеничките групи на Социјалдемократската партија и на Зелените, како и на повеќе од три илјади граѓани. Со тоа, уште пред изборите за парламентот во 2013 година треба да биде донесен нов изборен закон.

Реформата на изборниот закон, донесена со гласовите на владејачката коалиција, составена од Христијанско-демократската унија, Христијанско- социјалната унија и Либералната партија, според тужителите, овозможува одделни партии да профитираат и натаму од таканаречените преодни мандати. Со ставот на тужителите сега се согласи и Уставниот суд. Местата во Бундестагот се распределуваат по принцип на директен мандат и таканаречен втор глас, а кон тоа се додаваат и преодните мандати. Тоа се случува тогаш кога една партија во една германската покраина добила повеќе директни мандати отколку што тоа и‘ припаѓа по пребројувањето на дадениот втор глас на граѓаните. Вкупниот број на пратенички места се зголемува согласно бројот на ваквите преодни мандати, од кои најчесто профитираат големите партии. Досегашното правило за преодни мандати е спротивно на уставот, потврди денеска Уставниот суд.

Фотографија: picture-alliance/dpa
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми