1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Изборот на Курт Бек за прв човек на СПД

15 мај 2006

Изборот на Курт Бек за нов претседател на социјалдемократската партија е централна тема на коментари во германските дневни весници. Пренесуваме дел од пишувањата.

Весникот „Генерал Анцајгер„ во коментарот забележува:

„ СПД од вчера има нов претседател, деветнаесети по ред од 1946 година, кој е избран нсо мнозинство гласови од присутните делегати. Тие јасно ставија до знаење дека на врвот на партијата сакаат да го видат премиерот на германската сојузна покраина Рајнланд Фалц. Курт Бек од своја страна има намера да ги предводи социјалдемократите на долг рок. Тоа тој всушност и го покажа на вчерашниот вонреден конгрес на СПД во Берлин. Неговиот говор можеби не беше визионерски, но затоа беше прецизно избалансиран. Во принцип, со тоа можат да бидат задоволни сите, и левите и десните како и реформаторите односно традиционалистите. На крајот на краиштата и коалициониот партнер. А дали и некој кој е опортунист во раководството на СПД? Не, незадоволен попрво би можел да биде еден прагматичар кој се држи до принципите„ коментира „Генерал Анцајгер„

За весникот „Штутгартер Цајтунг„ изборот на новиот претседател на СПД е политички оптимален за партијата. Во текстот натаму читаме:

„ СПД се промовира како сила на обнова. Таа сила сега и е најпотребна. Со Курт Бек на чело социјалдемократите најдоа еден вид партиски татко со целосно разбирање за партиските другари, со свесна моќ и способен да ги оствари целите. Сепак на Бек му недостасуваат оригинални пораки. Тој е верен бранител на социјалдемокртатската политика. Но дали може и одново да ја дефинира? прашува во коментарот весникот „Штутгартер Цајтунг„

„Фајненшл Тајмс Дојчланд„

„ Каде се насочува СПД, дали Курт Бек на конгресот рече толку малку нешта, како и за време на говорот пред три недели кога даде бројни ветувања. Тој во оваа прилика во основа го повтори она за кое досега многу се зборуваше. Ја пофали традицијата и ги истакна социјалдемократските основни идеи. Се` тоа не е погрешно, но е премалку на бирачите да им се каже зошто СПД мора да биде на власт. Индициите за тоа дека се` не може да остане како што е, Бек ги сокри служејќи се со фрази и споредни реченици. Кој не сакаше тоа да го слушне не ни мораше, како ниту мнозинството делегати. За неопходните новини зборуваше неговиот претходник Матијас Плацек што укажува на тоа дека неговото заминување од чело на партијата на социјалдемократите можеше да им падне потешко, отколку што се смета денеска„ закључува во коментарот „Фајненшл Тајмс Дојчланд„

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми