Избран нов претседател на Јужна Кореја
20 декември 2007Реклама
Во Јужна Кореја заврши 10 годишната ера на либералите.Победата на Ли Мунг Бак е убедлива,изненадување претставува разликата со второпласираниот Чонг Дунг Јунг со околу 20 проценти.Новиот претседател за централна тема на својата кампања ја имаше економската обнова на земјата и со тоа очигледно поентираше кај гласачите: „Овде сум за да го поддржам Ли Мунг Бак и се надевам дека стопанството може повторно да заживее“,ги искажа надежите на гласачите една Јужнокорејка ноќта по победата на новиот претседател. Тој вчера наполни 66 години,а како поранешен шеф на јужнокорејската фирма го понесува искуството на стопанственик.Како градоначалник тој стекна глас на моќник,како и прекарот „булдожер“.За неколку години му успеа значително да ја подобри сообраќајната ситуација во јужнокорејскиот главен град и да подигне зелен појас низ бетонските зданија. Сега треба да докаже дали може да ги исполни очекувањата на граѓаните.Тој доцна синоќа настапи пред камерите: „Ви благодарам од се срце за големата поддршка.Ги знам вашите желби и во секој случај ќе ја обновам економијата.“ Поразениот Чонг Дунг јунг и покрај неуспехот најде помирливи зборови: Се надевам дека Ли Мунг Бак добро ќе ја води земјата.Жал ми е што не ги убедив луѓето да ми дадат поддршка.“ Инаку,на гласање излегоа околу 63 проценти од луѓето,што е најмалку досега во релативно кратката историја на кореанската демократија.Новиот претседател власта ќе ја преземе на 25 февруари.
►◄
Реклама