1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Извештајот на Дел Понте повторно ќе ги одложи преговорите на Хрватска со ЕУ?

8 јуни 2005

Напредокот на Хрватска околу соработката со хашкиот трибунал не е доволен за почеток на преговорите на Хрватска со ЕУ, потврдија иѕвори од Брисел, коментирајќи го последниот извештај на главната обвинителка на Хашкиот трибунал карла Дел Понте. ,, Напорите за апсење на избеганиот генерал Готовина не се ниту доволни, ниту уверливи,, напишала Дел Понте.

На 13 јуни ќе го презентира извештајот пред СБ на ОН: Карла Дел Понте
На 13 јуни ќе го презентира извештајот пред СБ на ОН: Карла Дел ПонтеФотографија: AP

,, На Хрватска и треба уште време да докаже дека е подготвена да го детектира и фати генералот Готовина,“ пишува помеѓу останатите констатации на главната хашка обвиниелка Карла Дел Понте, во извештајот за соработката на Загреб со Хашкиот трибунал, што таа на 13 јуни ќе го презентира пред Советот за безбедност на ОН. Извори од Брисел веќе потврдија дека со забелешките на Карла Дел Понте се согласиле голем дел од европските дипломати и дека Хрватска, најверојатно нема да ги почне преговорите за членство во Унијата пред есен.

,, Хрватското обвинитекство и натаму има непречен пристап до документите и сведоците, но за жал, не може да стане збор за напредок на на властите во Загреб да го лоцираат, уаспат и испорачаат Анте Готовина. Напорите не се ниту фокусирани, ниту уверливи. Дури и многумина се сомневаат во желбата на Хрватските власти да го фатат избеганиот Готовина.“ наведува дел Понте но потенцира дека доброволната соработка со трибуналот и натаму останува преферирана опција.

,, Трубуналот го поздравува акцискиот план на хрватскиот премиер Иво Санадер за апсење на иѕбеганиот генерал Анте Готовина, но смета дека на Хрватска и треба уше време“ наведува Дел Понте и посочува дека се забележани неколку инциденти на манипулирање со осетливи информации во Хрватска, со цел да се избегне апсењето на Готовина. Таа дури пишува и оти постоела медиумска кампања ѕаснована на тајни документи со цел да се дискредитира Хашкиот суд.

Извори од Брисел тврдат дека Дел Понте за содржината на извештајот веќе телефонски го информирала актуелниот претседавач на Унијата Жан Аселборн. Во меѓувреме, од Луксембург беше потврдено дека претседателството ќе ја проследи нејзината најнова информација до останатите членки на Унијата, така што се очекува, на наредниот заеднички состанок европските лидери да го поделат мислењето на Дел Понте, дека се уште не е дојдено време Хрватска да почне преговори со Унијата ѕа членство.

Детаљите од рапортот што главната хашка обвинителка го напишала уште на 25 мај, предиѕвикаа вистински бум во Хрватска.

Премиерот Иво Санадер веднаш се одбрани дека дека иѕвештајот е напишан пред посетата на Дел понте на 2 јуни, и оти меѓшувреме на обвинителката и биле понудени докази дека Загреб доволно соработува со Трибуналот.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми