1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Извештај за Косово во Советот за безбедност

22 април 2008

Српскиот престедател, Борис Тадиќ, во Советот за безбедност на ОН побара продолжување на мандатот на УНМИК на Косово, согласно резолуцијата 1244.

Фотографија: AP

Седницата на Советот за безбедност, на која беше разгледуван извештајот на генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун и шефот на УНМИК, Јоаким Рикер за Косово, беше затворена за јавноста.

Србија решително се спротивставува на префрлање на надлежностите од УНМИК врз кое било друго тело, без за тоа да има одлука на Советот за безбедност. Според српскиот претседател, Борис Тадиќ, Србија не прифаќа какво било уважување на околностите настанати со едностраното прогласување на независноста на Косово и повтори дека Белград никогаш нема да признае независност на Косово. Тадиќ исто така подвлече дека посебно значајно е на 11 мај на Косово да се одржат локални избори. Шефот на УНМИК, Јоаким Рикер, смета дека одржување српски локални избори на Косово би влијаело негативно врз односите на тамошните Срби и Албанци. Тој нагласи дека околностите на Косово се променети од времето кога беше воспоставена меѓународната администрација во 1999 година и рече дека УНМИК треба да се прилагоди на новонастанатите околности.

Седиштето на УНМИК во ПриштинаФотографија: picture-alliance/ dpa

Амбасадорите на САД и Велика Британија во ОН, Залмај Халилзад и Џон Соерс, по седницата на Советот за безбедност изјавија дека ОН и резолуцијата 1244 и натаму имаат своја улога на Косово, но дека улогата на УНМИК ќе мора да се менува со пренос на овластувањата врз косовските институции, особено по стапувањето на сила на косовскиот устав на 15 јуни. Тие ја повикаа Србија да се откаже од одржување избори на Косово да ги почитува препораките на шефот на УНМИК околу одржувањето на тие избори. Соерс, уште изјави дека во Советот за безбедност постојат несогласувања околу преносот на овластувања врз мисијата на ЕУ на Косово, наведувајќи дека од руските пријатели не слушнал подготвеност за приближување на ставовите.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми