1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Извештај на ЕК: Зелено светло за Северна Македонија

БГ
29 мај 2019

Многу пофалби, но и барања за засилување на реформите во Северна Македонија во извештајот на Европската комисија. Земјата заслужува да започне преговори за членство со ЕУ, а Преспанскиот договор е пример за целиот регион

Belgien Brüssel Hauptquartier der EU Kommission
Фотографија: picture-alliance/NurPhoto/M. Spatari

Напредок во сите релевантни области бележи Европската комисија во денеска објавениот годишен извештај за Северна Македонија. Се препорачува земјата да отвори преговори за членство во ЕУ, заедно со Албанија, при што би се применил „засилен пристап“ во поглавјата за судството и темелните права, правдата, слободата и безбедноста на земјата.

„Северна Македонија продолжи да го продлабочува реформскиот момент, остварувајќи опипливи резултати во клучни области идентификувани во заклучоците од Самитот во јуни 2018. Добрососедските односи се значително зајакнати, а Преспанскиот договор беше голем пробив и постави пример за помирување во регионот и пошироко“, се наведува во Извештајот.

На ваквите оценки, на прес-конференцијата во Брисел се надоврза и еврокомесарот Јоханес Хан.

„Северна Македонија не само што продолжи со нејзината амбициозна реформска агенда, туку и постигна историски договор со Грција, решавајќи го долгогодишниот спор околу името. Ова заедно со билатералниот договор со Бугарија е пример како да се зајакнат добрососедските односи за целиот регион. Ова е светол пример за другите земји“, рече Хан при претставувањето на Извештајот. 

Борба против корупција на сите нивоа!

Во однос на јавната администрација, ЕК ја оценува подготвеноста како „умерена“, во делот на судството се констатира дека е направен „добар напредок“ во исполнувањето на Итните реформски приоритети и препораките на Венецијанската комисија и на експертите предводени од Рајнхард Прибе. Во однос на борбата против корупцијата и против организираниот криминал, се оценува дека земјата има „одредено ниво на подготвеност“. „Корупцијата преовладува во многу области и останува предмет на загриженост“.
„Властите мора да ги засилат напорите во насока на демонстрација дека борбата против корупцијата е национален приоритет на сите нивоа на власта“, се наведува во Извештајот.

Еврокомесарот Хан ја издвои Северна Македонија како светол пример во регионот. Фотографија: EU Audiovisusal Service

Понатаму се нотира позитивниот напредок во делот на регионалната соработка, каде се потенцираат „историските чекори“ во однос на договорите со Бугарија и Грција.

Во однос на економските критериуми, постигнат е „одреден напредок“, а подготвеноста на земјата се оценува како „добра“ во однос на развојот на функционална пазарна економија. Пазарот на трудот и натаму страда поради структурните проблеми, додека најголеми предизвици за бизнис климата се почитувањето на договорите и големата неформална економија.

Во однос на директната соработка со ЕУ и користењето на претпристапните ИПА фондови, Европската комисија критикува дека најголема пречка останува „ограничениот административен капацитет на државната власт да подготви издржани проекти и посветеност за да се обезбеди нивна одржливост.“

Во тој дел се бараат „итни мерки“ за подобрување во планските, програмските и менаџерските капацитети во националните ИПА-структури, особено во делот на менаџирањето на големите инфраструктурни проекти.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми