1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Издишување под маска - опасно или не?

ЕМФ / дпа
24 април 2020

Носењето маска се препорачува како заштита од ширењето на коронавирусот. Но, има гласини дека тоа може да има здравствени последици. Колку се тие вистинити?

Coronavirus Mundschutz selbst gemacht
Фотографија: Getty Images/S. Gallup

На социјалните мрежи се среќаваат тврдења дека поради тоа што воздухот кога се носи маска не може да се испушти како што треба, се зголемува уделот на јаглерод диоксид (CO2) во крвта. Тоа, како што се вели, е особено опасно за малите деца.

Тоа не е точно. Берлинскиот лекар и портпарол на сојузот на педијатри БВКЈ, Јаков Маске, вели дека маски од штоф можат да носат сите, па и децата. „Тоа воопшто не претставува проблем“, нагласува тој и додава: „CО2 е гас и не се заглавува на штофот.“ Штофот не е непропустлива пластика.

Повеќе:

Фотографија на денот: За секој ден по една маска

Германија: Носење маски - обврска во сите покраини

Коронавирус: Парадокс со заштитните маски

Меѓутоа, педијатарот не советува децата да носат комплетно затворени покривки на лицето, како што се маските за заштита од прашина кои може да се најдат во продавниците за алати и градежни материјали.

Исто така треба да се внимава на возраста на децата. „Дете помладо од две години тешко може да носи маска“, вели педијатарот Улрих Фегелер. „Ако детските игралишта повторно се отворат, заштитата на устата крие опасност маската некаде да се закачи.“

Фотографија: picture-alliance/Zumapress/K. Tsuji

Доколку маските се од сопствено производство, треба да се внимава за таа цел да не се употребуваат кеси за правосмукалка, зашто тие, како што се вели од дрогеријата ДМ, често содржат ситен антибактериски прав. Негово вдишување е „опасно како за белите дробови, така и за органите за варење“.

Маска која е прилепена за лицето служи за заштита од капките кои се испуштаат при зборување и преку кои се пренесува вирусот Sars-CoV-2. Но, Фегелер додава и дека не треба да се заборава оти маската служи само како дополнителна мерка на заштита.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми