1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Изетбеговиќ за ДВ: ќе го браниме интегритетот на БиХ

13 ноември 2017

Во интервју за ДВ, членот на претседателството на БиХ, Бакир Изетбеговиќ вели дека доколку Република Српска се одлучи да прогласи независност, патриотите ќе го бранат територијалниот интегритет на земјата

Bakir Izetbegovic, Mitglied des bonischen Präsidiums im Interview mir DW
Фотографија: DW

„Ќе го правам она што ќе го прават сите патриоти во оваа земја- ќе го бранам она што го стекнавме најпрво со борба од 1992 до 1995 година, па и со самиот Дејтонски мировен договор“, одговара Изетбеговиќ на прашањето „што доколку Република Српска прогласи независност?“
„Дејтонскиот мировен договор е на наша страна, историјата е на наша страна, Уставот е на наша страна, интересите на земјите на Балканот, вклучително и на Србија се на наша страна. Интересот на Европа- да нема повторно војна во БиХ, потоа на Балканот, бидејќи еднаш го доби токму од овој град пред 103 години- е на наша страна. Ги имаме сите тие моќници на наша страна за да не се случи една таква авантура“.
Изетбеговиќ е убеден дека мнозинството ќе застане на страна на одбраната на територијалниот интегритет на БиХ. „Доколку произведат второ полувреме, мислам дека оние кои ќе го произведат ќе загубат- се надевам политички, а не воено“, вели за ДВ, Бакир Изетбеговиќ.

Изетбеговиќ за ДВ: ќе го браниме интегритетот на БиХ

02:42

This browser does not support the video element.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми