Станува збор за своевиден Airbnb за јахти. Изнајмувањето чини меѓу 3.000 и 695.000 евра, во зависност од големината и луксузноста на суперјахтата.
Реклама
Летото пристигна! И единственото нешто што недостасува е суперјахта. Но, за тоа се потребни милиони. Не повеќе!
Имено суперјахта можете од пред некое време да се изнајмите на Јота (Yotha). Станува збор за своевиден Airbnb за јахти.
Изнајмувањето чини меѓу 3.000 и 695.000 евра, во зависност од големината и луксузноста на јахтата.
„На нашата веб-страницата, можете да го изберете вашиот брод, бродот кој би сакале да го имате за одмор и да го разгледате, преку виртуелна прошетка од 360 степени“, вели Карло Бенведути, генерален директор на Јота.
Суперјахта за само 3000 евра!
01:31
Апликацијата, исто така, нуди консиерж услуги како и хеликоптер за изнајмување. Но, сето тоа дефинитивно не е за луѓето со ограничен буџет. Конечно бизнисот е јасно насочен кон оние со повеќе пари. Тој има за цел да ги поврзе сопствениците на суперјахти и компјутерските хипстери кои имаат пари во изобилство.
„Мислам дека тоа дава легитимна алтернатива, но оти нема да го опфати целиот пазар. Впрочем веќе неколку години е на пазарот.
Но, сметам дека во иднина во секој случај традиционалните модели се' повеќе ќе се стремат кон технологијата“.
Изнајмување суперјахти преку Јота во моментов е достапно само на Медитеранот. Целта е пак проширување и во други региони.
Најубавите европски летни дестинации
Доколку се‘ уште не сте одлучиле каде ќе го минете летниот одмор, ви нудиме избор од 10 популарни дестинации во Европа. Со приморски брег во должина од 10.000 километри, европскиот континент нуди по нешто за сечиј вкус.
Прекрасни карпести предели, златен песок и магични заливи - Алгарве е најпопуларната туристичка дестинација во Португалија. Регионот нуди многу сонце низ целата година. Плажата Кастело во близина на Албуфеира е идеална за нуркање.
Фотографија: picture-alliance/ZB/J. Kalaene
Сицилија, Италија
Најголемиот остров во Медитеранот има бројни атракции, од средновековни градови до антички остатоци и модерни рисорти. Ераклеа Миноа е најдобар пример за тоа со своите бескрајни песочни плажи и бели гребени. Во сонцето и морето можете да уживате до длабоко во есента.
Фотографија: picture-alliance/ZB/W. Thieme
Јужен Атлантик, Франција
Хосегор е најдобрата локација за сурфање во Франција. Во водите на Атлантикот тука се формираат бранови со височина и до три метри, па затоа овa одморалиште на југозападот на Франција е домаќин на меѓународни сурфинг натпревари од 1970. години.
Фотографија: picture-alliance/dpa/ASA/F. Faugere
Крит, Грција
Најголемиот грчки остров е благословен со кристално чисти води и бескрајни плажи. На југозападниот крај на островот е 'ртот Елафониси. Светлиот песок на плажата и‘ дава карипски шмек.
Фотографија: picture-alliance/dpa/H. Knosowski
Хидензе, Германија
Балтичкиот остров на северниот брег на Германија е популарен меѓу редовните годишноодморци, но и меѓу љубителите на природата. Користењето приватни моторни возила тука е забрането, а на островот нема повеќекатни хотелски комплекси. Хидензе е познат како дом на разни видови птици, а може да се истражува со велосипед, со коњска кола, или пеш.
Фотографија: picture-alliance/ZB/P. Pleul
Девон, Британија
Југоисточниот брег на Девон го доби прекарот „Англиска ривиера“ поради умерената клима, песочните плажи, палмите... Плажите се протегаат во должина од повеќе од 6 километри, и посебно се ценети кај сурферите.
Фотографија: picture-alliance/dpa/B. Birchall
Далиан, Турција
Ова е идеално место за оние кои бараат одмор без вообичаениот масовен туризам. Нон не се само луѓето тие кои бараат спокој. Ицтузу плажата е популарна и меѓу морските желки кои тука ги несат своите јајца и уживаат посебна заштита. Во регионот на Далиан можат да се видат и бројни историски и споменици на културата.
Фотографија: picture-alliance/ZB/J. Kalaene
Ромо, Данска
Данскиот остров Ромо ја има најшироката плажа во северна Европа. Бидејќи растојанието до водата понекогаш е и неколку километри, на посетителите им е дозволено да возат од и до плажата. Местото e популарно и за едрење и јавање коњи.
Фотографија: picture-alliance/ZB/P. Pleul
Јадрански брег, Црна Гора
Иако веќе одамна познати, плажите во Црна Гора се сериозна конкуренција за веќе етаблираните дестинации во соседна Хрватска. Заливот и плажата Јаз се особено популарни, а во непосредна близина можете да уживате и во убавините на стариот град во Будва.
Фотографија: picture-alliance/ZB/W. Thieme
Нида, Литванија
Куронската Коса се протега на 98 километри по должината на источниот брег на Балтичкото море. Се состои од низа песочни дини, а Нида се наоѓа во неговата средина. Писателот Томас Ман рекол дека во местото се чувствувал како во Сахара и си изградил летна вила во близината.
Фотографија: CC BY-NC-ND 2.0
Ибица, Шпанија
Овој балеарски остров е познат по својот нооќен живот. Многу посетители се забавуваат преку целата ноќ, а потоа денот го минуваат покрај море. Плажата Бенирас на север на островот, на пример, нуди спектакуларни зајдисонца.