Изненадувањето се вика Нирнберг
28 август 2006Така и во обата последни натревара од синоќа, Хамбург против Берлин и Мајнц против Франкфурт кои завршија нерешено 1 спрема 1. Репрезентативецот Мануел Фридрих од Мајнц не можеше да се радува на бодот против Франкфурт:
„Јас сум сосема незадоволен. Неизоставно моравме да победиме и мислам дека бевме блиску до тоа. Но, ќе примиш глупав гол и потоа се е залудно. Имавме добри шанси, но не ги искористивме, па имаш чувство дека можеш да правиш што сакаш, а не можеш да дадеш гол. Затоа, на крајот моравме да бидеме задоволни што успеавме да изедначиме„.
Уште понезадоволни беа фудбалерите на Хамбург по ремито против Берлин. Одбранбениот играч Бастијан Рајнхарт:
„Игравме нерешно петти пат последователно. Тоа полека оди на нерви. Сосема добро игравме до 1 спрема 0, а потоа направивме премалку и затоа треба да се прашаме дали вистина беше потребно да се повлечеме. Тоа во сојузната лига едноставно не смееме да си го дозволиме„.
Хамбург со намера да остане високо-пласиран. А, Нирнберг е веќе изненадвувањето на сезоната. Големото прашање гласеше: колку е вистина силна оваа екипа? Одговорот стигна на теренот. Нерешените 0 спрема 0 на гости кај Баерн кажуваат се. Уште поголемо изненадување беше резултатот од 3 спрема 0 на гости на Ахен против Хановер. Новајлијата ја славеше првата победа во првата лига по 36 години. Скоро толку долго чека Билефелд на победа во Менхенгладбах, а по победата на домаќинот од 1 спрема 0, ќе мораат и натаму да чекаат. Бремен загуби од Шалке со 2 спрема 0, па така по март годинава повторно претрпе пораз во сојузната лига. Штутгарт дома загуби со 3 спрема 1 од Борусија Дортмунд. Непоразен останува Волфсбург кој во Леверкузен одигра 1 спрема 1 со Баер. Во борба за опстанок веќе се наоѓа Бохум по поразот дома против Котбус од 1 спрема 0.
Третото коло мина, а сојузната лига веќе ќе се најде на пауза. Но, фудбал секако ќе има: германската репрезентација настапува во квалификациите за Европското првенство против Ирска, натпревари во националниот куп, а секако и настапи на германските екипи во лигата на шампионите и во купот на УЕФА.
Тајмаут ќе има за фудбалерите од Нирнберг кои најмалку уште две недели ќе се радуваат на водството на табелата пред Баерн и Шалке, иако сите три екипи имаат по 7 бодови. Во овој период во табелата помалку ќе гледаат Билефелд со еден бод и Бохум и Хановер кои немаат ниту еден. Ова трио засега го држи фенерот.
И уште една вест што го одбележа колото од минатиот викенд и дојде од Минхен: Марк фон Бомел доаѓа во Баерн за 12 милиони евра. До крајот на рокот за промени в четврток и натаму ќе се шират шпекулации. На пример, Хамбург наводно ќе го ангажира Аргентинецот Сорин. Тренерот на екипата Томас Дол двосмислено изјави:
„Ве препуштам на изненадувањата„.