1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Човекови права

Изнудена солидарност во ЕУ

Барбара Везел
9 септември 2017

Европскиот суд на правдата го отфрли барањето на Унгарија и на Словачка да бидат изземени од програмата за распределување на бегалците. Тоа беше очекувано. Но дури сега почнуваат проблемите, смета Барбара Везел.

Ungarisch-Serbische Grenze Containerlager für Flüchtlinge
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/D. Vojinovic

Правните аргументи со кои Унгарија и Словачка се спротиставија на одлуката на Советот на ЕУ за распределување на бегалците беа крајно напрегнати. Европскиот суд на правдата сега, меѓутоа, без заобиколување, ги оцени како легални квотите за распределување на бегалците кои се договорени пред 2 години. Лисабонскиот договор кој ги регулира правилата на ЕУ одобрува донесување одлука со т.н. просто мнозинство. Точка. Но, со тоа допрва почнуваат проблемите, бидејќи тука се работи за политика, а не за право.

Бесни реакции

Унгарскиот министер за надворешни работи веднаш остро реагираше, зборувајќи за лоша, неодговорна пресуда. Сега почнува „вистинската борба“ против одлуката за распределување на бегалците. Од друга страна, Словачка е подготвена да ја прифати пресудата. Таа го намали курсот на конфронтација со Брисел. Вишеградската група веќе не е сложна, јастребите во меѓувреме седат во Полска и сѐ уште во Унгарија.

ОсобеноВиктор Орбан пропагандата против бегалците, странците и муслиманите ја претвори во срж на својата политика. Тој тврди дека се бори за етнички хомогена држава. Неговата хајка пред сѐ е насочена против муслиманите, кои на најлош начин ги поистоветува со терористи.

Во Полска е уште полошо. Шефот на партијата Право и правда (ПИС) Јарослав Качински делува уште побесно во борба за т.н. чист полски народ. Кај Орбан никогаш не се знае каде е границата меѓу цинизмот, десничарско-радикалното позирање и практичното однесување. Шефот на полската партија, меѓутоа, е убеден престапник. Двете влади сѐ повеќе се спротиставуваат на основните принципи на ЕУ.

Барбара Везел, авторка на коментарот

Што да се прави?

Комисијата на Европската унија сака да ја продолжи борбата за спроведување на пресудата. Барем би можела да воведе парични казни, кои меѓутоа повторно мора да ги одобри Европскиот суд на правдата. Дури по завршувањето на тој процес можат да се воведат казни во вид на кратење на финансиска помош. Но таквиот процес најчесто трае со години.

Постојат и мерки кои можат веднаш да се спроведат против бунтовните. Еврокомисијата во Брисел неодамна одби да ѝ исплати на Унгарија 400 милиони евра за изградба на ограда од бодиликава жица на границата со Србија. Солидарноста, се наведува, не е еднонасочна улица. Но, тоа се само ситни боцкања. Има и такви кои предлагаат непослушните да платат за да се ослободат од обврската за прифаќање на бегалци. Но тоа би било премногу евтино.

Се работи за основни европски принципи

ЕУ тука имено има начелен проблем: одделни источноевропски членки се губат. На пат се кон автократски, еднопартиски власти со удари на фашистичка идеологија. Кај Варшава и во Будимпешта веќе не станува збор за одделни несогласувања во ставовите, туку во меѓувреме- за принцип.

Двете земји членки почнуваат систематски да ги доведуваат во прашање темелите на заедницата. Истовремено и натаму сметаат дека е легално без никаков срам да бараат милијарди евра исплата од буџетот на ЕУ. Брисел за нив е само централна каса која ја користат за зајакнување на својата власт.

Веќе не се работи за тоа дека солидарноста не може да биде едносмерна улица, туку да постои обврска да се почитуваат политичките принципи на ЕУ. Во ЕУ нема место за диктатура. Владите од другите земји членки веќе не смеат да ја вртат главата, туку јавно да истапат против антидемократските земји. Тоа не е пријатно, но е неопходно.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми