1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Израелска акција во појасот на Газа

27 јуни 2007

*

Најмалку тројца палестински милитанти загинале во акција на израелската армија во појасот на Газа. Агенциите јавуваат дека станува збор за припадници на милитантната група Исламски Џихад. Израелската армија потврди дека во околината на градот Кан Јунис во тек е операција но не измнесе други детали. Палестинскиот претседател Махмуд Абас во меѓувреме воведе забрана за носење оружје и експлозивни материи без соодветна дозвола. Одредбата е дел од новите мерки на владата под водство на Абас, во која нема преставници на Хамас кои го држат под контрола појасот на Газа.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми