Израелска офанзива во појасот на Газа
13 октомври 2006Тројца милитанти од военото крило на владејачкото палестинско движење Хамас загинале, а најмалку петмина се повредени во најновиот напад на израелската армија во градот Беит Лахија. Според изјави на очевидци нападот бил извршен од воздух, а мета било возилото со кое се движеле милитантите. Израелската армија засега не изнесува детали за акцијата.
Во престрелките во Абасан загинале најмалку 4 активисти на радикалната исламистичка организација Хамас и двајца цивили. Копнените израелски трупи во акцијата биле подржани и од борбени хеликоптери- изјавија очевидци.
Се јавува и за тројца загинати во израелски ракетен напад врз куќа на активист на Хамас во градот Газа во кој загинале најмалку 3 лица , меѓу нив две деца. Бараниот член на Хамас успеал да се спаси .
Портпарол на израелската армија потврди дека нападот бил насочен кон Ашраф Фервана лидер на вооруженото крило на Хамас , познато како Бригади Из ел Ден ал Касам .
Во нападот меѓутоа наместо Феврана загинал неговиот брат. По овие израелски напади во појасот на Газа , припадниците на Хамас за првпат по повеќе од еден месец повторно истрелаа ракети од појасот на газа кон Израел .
Политичкиот лидер на Хамас , Калед Машал истакна дека никогаш нема да биде признаена државата Израел.