1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Израелските преговарачи се вратија во Каиро

Александар Методијев/ројтерс/миа11 август 2014

Секое трајно примирје во Појасот Газа треба да доведе до кревање на израелската блокада од палестинската територија, изјави Халед Мешаал, лидерот на исламистичкото движење Хамас кое ја контролира енклавата.

Фотографија: REUTERS

Израелските преговарачи денеска се вратија во Каиро на разговори за ставање крај на едномесечните воени судири во Газа. Новото 72-часовно примирје се чини дека го почитуваат двете страни – и вооружените Палестинци и израелската војска.

Израелската војска соопшти дека една ракета била испукана кон околината на Тел Авив на еден час пред вчера да стапи на сила примирјето. Повеќе други ракети завршиле во морето. Хамас информираше дека ракетите биле испукани од палестинска страна. Израел ги услови натамошните разговори со почитување на примирјето. Неговата делегација во пред неколку дена ги напушти разговорите во Каиро, поради непочитување од палестинска страна на претходното примирје.

Огромни материјални и човечки загуби во повеќе од едномесечните воени нападиФотографија: Reuters

Во ексклузивното интервју за агенцијата „Франс прес“, кое лидерот на Хамас, Халед Мешаал го даде синоќа во катарската престолнина Доха, каде всушност и живее, тој изјави дека вчера договореното ново 72-часовно примирје „е едно од средствата или тактиките, наменети за постигнување успех во преговорите или за доставување хуманитарна помош“.

Истовремено, тој подвлече дека привремената спогодба треба да е прилагодена кон едно трајно примирје, кое ќе ги задоволи палестинските барања, вклучувајќи го и она за кревање на блокадата на Појасот Газа.

„Меѓутоа, доколку Израел ја продолжи својата агресија, Хамас и останатите палестински фракции се подготвени да дадат отпор како на борбеното поле, така и на политички план“, предупреди Мешаал.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми