1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Израелски авиони нападнаа цели во Појасот Газа

СН/ агенции
27 октомври 2018

Во насилни протести во Појасот Газа загинаа 5 Палестинци. Хамас испука ракети кон Израел. Неговото воено воздухопловство веднаш се одмазди. Ескалирачкото насилство ги потхранува стравувањата од нова војна.

Israelische Luftangriffe auf Gazastreifen
Фотографија: picture alliance/ZUMA/N. Alwaheidi

Израелските воздухопловни сили нападнаа синоќа 80 цели во Хамас во Појасот Газа откако беа испукани 30 ракети на југот на Израел пренесуваат израелските медиуми.

Ова е најжестока размена на оган меѓу лутите непријатели во последните неколку недели.

Нападнати се, меѓу останатите цели, 2 големи фабрики за производство на оружје, пет воени комплекси и зградата каде што е седиштето на безбедносните сили во градот Газа, соопшти израелската армија.

Одбранбениот систем Железна купола пресретна 10 ракети испукани на израелскиот југ, се додава во военото соопштение. Командантот на израелската војска генерал потполковникот Гади Ајзенкот одржа итен состанок со високи официјални лица поради ескалација на насилство.

Фотографија: picture alliance/Anadolu Agency/A. Jadallah

На жителите на пограничната област им се дадени инструкции да не се добираат повеќе од 100 луѓе на отворено, ниту 500 во затворен простор.

На израелска страна две лица се здобија со полесни повреди бегајќи во засолниште , а 7 претрпеа шок.

На размената на оган  ѝ претходеа масовни палестински протести во кои се убиени 5 млади Палестинци. Уште еден Палестинец почина во конфликт со израелската војска на Западниот брег.

Ненадејната ескалација на насилството и крвопролевањата ја компликува мисијата на египетските посредници во време кога се засилија напорите да се постигне примирје и да се спречи големи конфликт меѓу Израел и  екстремистичкита исламистичка организација Хамас, која владее во Појасот Газа. Израел и Хамас веќе трипати војуваа од 2008 година наваму.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми