1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Израел ги засилува нападите против Хезболах

13 јули 2006

Израелската армија и утринава продожува со нападите против припадници на милитантната организација Хезболах во либанскиот град Бејрут. Состојбата експалираше по нападот на Хезболах во кој еден израелски војник загина а двајца беа киднапирани.

Бејрут
БејрутФотографија: laif/Sasse

Израелски борбени авиони според последните информации утринава извршиле жестоки напади во јужниот дел на Бејрут кој важи за главно упориште на шиитската милитантна група Хезболах. Претходно бил бомбардиран и меѓународниот аеродром во Бејрут во обид да се спречи трансфер на оружје и намирници за припадниците на Хезболах. Аеродромот е затворен а видливи се тешки оштетувања на пистата.

Агенциите јавуваат и за првата жртва цивил на израелска страна од почетокот на нападите. Станува збор за една 40 годишна жена која настрадала во ракетен напад на хезболах врз крајбрежниот израелски град Нахарија. Милитантната организација која држи во заложништво двајца израелски војници ја презеде одговорноста за нападите.

Израелскиот министер за одбрана Хаим Рамон изјави дека Либанската влада ќе плати скапа цена заради киднапирањето на двајцата војници од страна на Хезболах. Амбасадорот на Израел во ОН Ден Гилерман предупреди:

„Израелската влада смета дека акцијата во која загина еден израелски војник а двајца беа киднапрани е објава на војна од страна на Либан. Ние ја сметаме либанската влада за одговорна. Тоа е изведено од суверена либанска територија во суверена израелска територија„

„Израел ќе реагира на секој можен начин за да ја обезбеди својата граница, безбедноста на своите граѓани и ослободување на затворениците„

Во досегашната акција на израелската армија загинале 27 либанси цивили.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми