1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Израел ги отстрани спорните детектори на Ридот на храмовите

СН/ агенции
25 јули 2017

По последните тешки безредија Израел попушти во спорот околу пристапот до важното светилиште. Наместо тоа, во историскиот центар на Ерусалим ќе има други контролни мерки, најави владата.

Tempelberg Jerusalem
Фотографија: Reuters/A.Awad

Израел повторно ги отстрани детектори на метал на пристапите кон Ридот на храмовите во Ерусалим. Полицијата во текот на ноќта ги демонтираше апаратите, потврди портпаролот на полицијата Мики Розенфелд. На ова му претходеа протести на Палестинците, како и меѓународни напори за посредување во напрегнатата ситуација.

Ридот на храмовите (Ал-Харам ал-Шариф) со Златната џамија и со џамијата Ал-Акса е трето најсвето место во Исламот. Палестинците отфрлаат какви било промени на статус-квото, меѓу другото и надзорните камери, кои Израел ги постави во неделата. Поставувањето на метални детектори ги разгневи Палестинците, како и делови од муслиманскиот свет и предизвика безредија, во кои загина четворица Палестинци.

Фотографија: Reuters/M. Torokman

Израел ги заостри контролните мерки на Ридот на храмовите, откако на 14 јули тројца арапски атентатори смртно застрелаа двајца израелски полицајци. Напаѓачите беа убиени. Израелскиот безбедносен кабинет сега одлучи металните детектори да ги замени со напредни технолошки контролни апарати, соопшти канцеларијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху во текот на изминатата ноќ.

Фотографија: picture alliance/dpa/newscom/D. Hill

Претходно јорданскиот крал Абдула Втори изврши притисок врз Нетанјаху да ги размонтира детекторите и да ѝ стави крај на кризата. Во текот на изминатата ноќ дошло до конфронтации меѓу стотици Палестинци и израелските полициски сили на пристапот кон Ридот на храмовите. Муслиманските верници и натаму одбиваат да стапнат на Ридот на храмовите.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми