1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Израел лут на Русија: „Хитлер не бил Евреин“

БГ /АФП
2 мај 2022

Шефот на израелската дипломатија Јаир Лапид остро го нападна својот руски колега Сергеј Лавров поради изјавата дека Адолф Хитлер имал „еврејска крв“ и побара објаснување од рускиот амбасадор.

 Русија Сергеј Лавров
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј ЛавровФотографија: Alexander Zemlianichenko/AP/Pool/dpa/picture alliance

Израел ги осуди изјавите на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во кои тој имплицираше дека нацистичкиот лидер Адолф Хитлер можеби имал еврејско потекло.

Во интервју за италијански медиум во неделата, Лавров ги коментираше аргументите на украинскиот претседател Володимир Зеленскиј дека режимот во Украина не може да биде нацистички, како што тврди Русија, кога тој самиот е Евреин. 

„Можеби грешам, но и Хитлер имал еврејска крв“, рече Лавров.

Израелскиот министер за надворешни работи Лапид ги осуди ваквите изјави на Лавров.

„Изјавите на министерот Лавров се непростливи и срамни, како и ужасна историска грешка“, рече Лапид.  

„Евреите не се убиваа самите во Холокаустот. Најниското ниво на расизам против Евреите е да ги обвинувате самите Евреи за антисемитизам“. 

Пропагандата на Русија: Методот „Рашизам“

Рускиот амбасадор во Тел Авив бил повикан на разговор за да ги објасни ваквите ставови на Лавров. 

Во говор пред израелскиот парламент на крајот на март, Зеленски го повика Израел „да избере“ кого ќе поддржи и да и испрати оружје на Украина. Израел досега одбиваше да ја снабди Украина со оружје во војната.  

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми