„Мешани“ градови на Израел: Како да се поврати довербата?
Дана Регев
24 мај 2021
Судирот помеѓу Израел и Хамас драматично ги зголеми тензиите и во израелските градови, во кои Евреите и Палестинците живеат заедно со децении. Со примирјето и таму започнува и нормализацијата, која ќе трае со години.
Реклама
Централните улици на Јафа се сенишно мирни, невообичаено за една сабота во овој град, каде живеат Арапи и Евреи, и кој од октомври 1949 година е припоен кон Тел Авив. Минаа неколку дена откако Израел и Хамас го склучија примирјето и досега тоа се почитува: не беа испукани ракети од Појасот Газа кон Израел, а немаше ниту воздушни напади на израелската армија врз таа палестинска територија.
Но, примирјето сѐ уште не се чувствува во Јафа и другите мешани арапско-еврејски градови.
„Во Ерусалим, многу Евреи и Палестинци не купуваат дури ни леб едни од други“, вели 31-годишната Сама*, Палестинка, која пред два месеца се преселила од Ерусалим во Хаифа. „Звучи ужасно, но во Ерусалим можев да се сокријам во сопствениот меур. Не ќе морав да се соочувам со еврејски расизам и дискриминација ако останев во источниот дел на градот“, вели таа за областа во која Палестинците се мнозинство.
„Во Хаифа, Евреите и Палестинците се принудени да се среќаваат секојдневно. Градот не е поделен на два дела како Ерусалим“, додава Сафа.
Градот во северен Израел - трет по големина во земјата - се сметаше за модел на соживот помеѓу Арапите и Евреите. Но, сѐ уште има тензии кои ескалираа во последните неколку недели. За време на ракетирањето од страна на Хамас, еврејските демонстранти во Хаифа со камења нападнаа Палестинец. Во друг инцидент пак, петмина Арапи нападнаа 30-годишен Евреин во северниот град Акон, во кој исто така заедно живеат Палестинци и Евереи. И тоа не беа единствените инциденти.
„Нема вистински соживот“, ни раскажува Сафа за Хаифа, нејзиниот нов дом. „Палестинците и тука секогаш биле граѓани од втор ред. Тоа сега само може да се види подобро“.
Ескалација на насилство
15-годишниот Калил* од Јафа вели дека примирјето е „фантастична вест, но дека тоа е само почеток“. Момчето продава во семејната пекарница, која обично е полна со палестински и еврејски муштерии. „Полицијата тука секоја вечер ги блокира улиците, нѐ испрашува. Зошто? Дали сме криминалци? Ние само сакаме да живееме во мир во нашата земја“. Единствениот купувач во пекарницата во тој момент, 42-годишниот Евреин од Јафа, Адас, се согласува со него. „Без оглед на политичките ставови, факт е дека Евреите и Палестинците ќе мора да научат да живеат заедно. Нема друго реалистично решение“.
Град на судири: комплексната историја на Ерусалим
Ерусалим е еден од најстарите и најоспоруваните градови во историјата на светот. Ерусалим е свет град за евреите, муслиманите и христијаните. Оттука произлегуваат и речиси сите контроверзи поврзани со него.
Фотографија: picture-alliance/Zumapress/S. Qaq
Ерусалим, градот на Давид
Според Стариот завет, Давид, кралот на двете кралства на Јудеја и Израел, го освоил Ерусалим околу 1.000 година пред новата ера. Седиштето на владата го префрлил во Ерусалим, со што го претворил во главен град и верски центар на кралството. Библијата вели дека синот на Давид, Соломон го изградил првиот храм во чест на Јахве, богот на Израел. Ерусалим станува центар на јудаизмот.
Фотографија: Imago/Leemage
Под персиска управа
Нео-вавилонскиот крал Небукаданезар II (трет од лево) го освоил Ерусалим во 597 п.н.е., според Библијата. Ги заробил кралот Јехоаким (петти од десно) и припадниците на високата класа, ги испратил во Вавилон и го уништил храмот. Откако персискиот крал Сирус Велики го освоил Вавилон, им дозволил на прогонетите Евреи да се вратат во Ерусалим и повторно да го изградат својот храм.
Од 63 година п.н.е. Ерусалим паѓа под окупација на Рим. Се формираат повеќе движења на отпорот, па во 66 година избувнува првата Еврејско-Римска војна. По четири години војната завршува, а храмот е повторно уништен. Римјаните и Византијците владеат со Ерусалим околу 600 години.
Фотографија: Historical Picture Archive/COR
Освојувањето на Арапите
При освојувањето на Сирија, муслиманските армии стигнуваат и до Палестина. По наредба на Калифот Умар (на фотографијата), Ерусалим е освоен во 637 година. Во следните години повеќе различни, меѓусебно спротивставени муслимански владетели го контролираат градот. Ерусалим е често под опсада, а владетелите се менуваат.
Фотографија: Selva/Leemage
Крстоносците
Од 1070 година, муслиманските владетели стануваат сѐ поголема закана за христијанскиот свет. Папата Урбан II повикува на крстоносна војна. Севкупно, пет крстоносни походи се организираат во период од 200 години. Во 1244, крстоносците конечно ја губат контролата врз градот и тој паѓа под муслиманска управа.
Фотографија: picture-alliance/akg-images
Отоманите и Британците
По освојувањето на Египет и Арабија од Отоманите, Ерусалим станува административно седиште на Отоманскиот административен регион во 1535 година. Во првите децении на отоманското владеење, градот доживува процут. Со победата на Британците над Отоманските трупи во 1917 година, Палестина потпаѓа под британска управа. Ерусалим е преземен од Британците без борба.
Фотографија: Gemeinfrei
Поделениот град
По Втората светска војна, Британците се откажуваат од палестинскиот мандат. ОН гласаат за поделба на земјата, со цел да се отвори простор за преживеаните од Холокаустот. Неколку арапски држави започнуваат војна против Израел и освојуваат дел од Ерусалим. Сѐ до 1967 година, градот е поделен на израелски западен и јордански источен дел.
Фотографија: Gemeinfrei
Израел го освојува источен Ерусалим
Во 1967, Израел ја започнува Шестдневната војна против Египет, Јордан и Сирија. Израел ги освојува Синај, Појасот Газа, Западниот Брег, Голанската висорамнина и источен Ерусалим. Израелски падобранци доаѓаат до Стариот град и стојат пред Ѕидот на плачот за првпат од 1949 година. Источен Ерусалим не е официјално анектиран, туку административно интегриран.
Израел не им забранува на муслиманите пристап до светите места. Ридот на храмовите е под автономна муслиманска администрација: муслиманите можат да влегуваат, да го посетуваат храмот и блиската Ал-Акша џамија.
Фотографија: Getty Images/AFP/A. Gharabli
Нерешен статус
Ерусалим до денес останува пречка за мирот меѓу Израел и Палестина. Во 1980, Израел го прогласува целиот град за свој „вечен и нераздвојлив главен град“. Откако Јордан се откажува од своето право на Западниот Брег и Источен Ерусалим во 1988 година, прогласена е државата Палестина. И Палестина го смета Ерусалим, во теорија, за свој главен град.
Но, нема да биде лесно. Последниве денови телевизијата покажа како десничарска израелска толпа во предградето на Тел Авив, Бат Јам, кое се граничи со Јафа - брутално претепа човек кој неподвижно лежеше на земја. Според извештаите, групата го нападнаала затоа што мислела дека е Палестинец. Претходно, израелски екстремисти маршираа низ градот, кршејќи ги излозите на арапските продавници и извикувајќи расистички пароли.
Во градот Лод, каде 40 проценти од населението се Арапи, еден 32-годишен израелски Палестинец беше застрелан, а беа запалени синагога и еврејски имот. Подоцна, еден Евреин почина откако беше нападнат од група израелски Арапи.
Пред запалената синагога, 31-годишниот Евреин Јоел Франкенбург за новинската агенција АФП изјави: „Арапите сакаат да нѐ убијат“, додавајќи дека и него го нападнале со камења и оти тој морал да го испрати своето семејство надвор од градот.
Разнишана доверба
Од стапувањето во сила на примирјето, животот срамежливо се враќа во нормала во Израел и во Појасот Газа. Трговците ги расчистуваат продавниците, кафулињата се полнат и мештаните претпазливо излегуваат на улиците. Од вчера во Газа работат и административните канцеларии.
Израелските населби на палестински територии
И покрај протестите и политичките предупредувања, израелскиот парламент донесе закон со кој се легализираат илегалните населби на палестинските територии. Критичарите велат дека тоа значи крај на решението „две држави“.
Фотографија: Reuters/B. Ratner
На палестинските територии има повеќе од 200 населби
Според податоците на организацијата за човекови права Бетселем, на Западниот брег и во Источен Ерусалим од 1967 до средината на 2013 година се изградени 125 официјални израелски населби и околу сто „диви населби“. Израелските власти, според Канцеларијата на ОН за хуманитарна помош (ОЦХА), за изградба на населби на палестински територии заплениле 35 проценти од површината на Источен Ерусалим.
Фотографија: Reuters/B. Ratner
Нема шанса за мир?
Во моментов еврејска населба се гради во Хар Хома, на Западниот брег, меѓу Ерусалим и Витлеем. Водечки претставници на Палестинците оценуваат дека израелската политика за градење населби го уништува решението „две држави“ и го спречува мирот со Палестинците. Изградбата на населбите на палестински територии е критикувана и во меѓународни рамки.
Фотографија: picture alliance/newscom/D. Hill
Израел конфискува палестински приватни имоти
Новиот закон за ретроактивно легализирање на станови на доселеници на Западниот брег и во Источен Ерусалим е спорен. Со него се погодени 16 населби. За еврејските доселеници да можат да останат каде што се, предвидена е финансиска отштета за Палестинците кои се сопственици на земјиштето.
Фотографија: Reuters/A. Awad
Уривање на Амона
Новиот израелски закон не важи за куќите на доселениците за кои веќе има судска одлука за уривање. Партијата на доселениците имаше намера со законот да спречи принудно расчистување на населбата Амона. Сепак, куќите на 40 семејства беа испразнети минатата недела, а само четири дена потоа се почна со уривање.
Фотографија: Getty Images/AFP/T. Coex
Барикади и безредија
Одлуката на израелскиот Врховен суд за уривање на Амона беше донесена уште на крајот на 2014 година. Рокот беше повеќепати одлаган. Десните групи и доселениците до крај се обидуваа да спречат евакуација и уништување на местото. Многумина доаѓаа од други места специјално за да демонстрираат. И на спротивната страна имаше насилни протести на Палестинците.
Фотографија: Reuters/M. Torokman
Ескалација при принудното иселување
Жителите на Амона веруваат дека Западниот брег, окупиран од страна на Израел од 1967 година, е дел од територијата која Бог во Библијата му ја наменил на еврејскиот народ. На Западниот брег и во Источен Ерусалим живеат околу 600.000 Израелци. Меѓу доселениците и Палестинците постојано има судири.
Фотографија: Reuters/M. Torokman
Нов дом
На приватни имоти на Палестинци спротивно на законот се изградени околу 4000 станови. Тие треба или да бидат испразнети, или со новиот закон треба да бидат ретроактивно легализирани. Многу од жителите на Амона имаат нов дом во соседните населби, како овде, во Офра.
Фотографија: Reuters/B. Ratner
Принудно иселување во Офра
Но и во Офра има нелегални куќи. До 5 март тука треба да бидат испразнети девет куќи кои се изградени на приватен имот на Палестинци. Куќата мора да ја напушти и семејството Бен Шушан.
Фотографија: Reuters/B. Ratner
8 фотографии1 | 8
За време на единаесетдневниот конфликт, израелската војска изврши стотици воздушни напади врз пренаселениот Појас Газа, убивајќи 248 лица, од кои 66 деца. Според локалното Министерство за здравство, со кое раководи исламистичкиот Хамас, близу две илјади лица биле повредени. Според Обединетите нации, повеќе од половина од убиените биле цивили.
Дванаесет лица беа убиени од ракетите на Хамас во Израел, вклучувајќи едно дете, израелски војник, еден индиски и двајца тајландски државјани. Повредени се 357 лица.
Според израелската армија, Хамас и другите милитантни палестински групи испукале 4.350 ракети, од кои огромно мнозинство биле пресретнати или паднале во Појасот Газа.
Но, во мешаните градови, жртвите не се последица на проектилите, туку на линч и вандализам. Страдаше и онака кревката доверба меѓу соседите и за таа да се поврати може да бидат потребни години.