1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Израел планира подржавување на 400 хектари на Западниот брег

ЕМФ/дв/бета31 август 2014

Израел одлучи да подржави 400 хектари земјиште на Западниот брег, западно од Витлеем. Сопствениците Палестинци имаат рок од 45 дена за да поднесат жалба на ваквата одлука.

Фотографија: picture-alliance/dpa

Израелската воена управа соопшти дека одлуката за подржавување на земјиштето е одговор на убиството на тројцата млади Израелци во јуни годинава:

„Одлуката за преземање 400 хектари претставува колективна казна од страна на Израелците, зашто на тој начин се оддалечуваме од перспективата за мир на две држави (израелска и палестинска)“, оцени изралеското здружение „Мир сега“, кое се залага за завршување на израелско-палестинскиот конфликт. Здружението смета дека апропријацијата е базирана на отомански закон од 1858 година, според кој државата може да си го врати земјиштето кое е ненаселено и необработено. „Мир сега“ претпоставува дека земјиштето кое се подржавува ќе биде искористено за да се изгради нова населба, како и во многу случаи досега.

Критичарите стравуваат дека одлуката за подржавување натамошно ќе го разгори Блискоисточниот конфликт.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми