Во Израел се одржаа трети парламентарни избори во една година. И овојпат составувањето влада нема да биде лесно, иако Бенјамин Нетанјаху прогласи своја „голема победа“. Петер Филип не гледа доаѓање на подобри времиња.
Реклама
На третите парламентарни избори во една година, победи досегашниот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговата десничарска партија Ликуд . Тој славеше веќе неколку часови по затворањето на гласачките места, изјави дека тоа е „ноќ на големата победа“, дека доживеа успех без оглед на сите пречки, „од лимоните направи лимонада“, а од „Израел направи суперсила.“
Во моментот кога тој го држеше славеничкиот говор, беа пребројани само дел од гласачките ливчиња, но сепак се наѕираше дека Ликуд со 37 мандати ќе биде најсилна партија и со својот сојуз од повеќе десни и религиозни партии ќе достигне веројатно до 59 од вкупно 120 пратенички места во Кнесетот. Тоа навистина би бил најдобар резултат од изборите во 2015 година, но уште не е достигнување до потребното мнозинство од 61 пратеник. Центристичко-левиот сојуз на предизвикувачот Бени Ганц меѓутоа имаше четири мандати помалку од Ликуд, па се чинеше сосема јасно дека мандатот за состав на нова влада повторно ќе му биде доделен на Нетанјаху, иако тој по двата претходни избори не можеше да го исполни овој налог.
Валкани трикови и напади
Гледано чисто математички, на Биби, како што гласи прекарот на Нетанјаху меѓу неговите приврзеници, можеби овојпат задачата ќе му биде полесна, зашто меѓу уште непребројаните гласови можеби има уште понекој за него. Наспроти сите очекувања, излезноста на изборите со 71 процент ги надмина сите избори од 1999 година досега, а службите се погрижија да не пропадне ниеден глас. Така на пример беа организирани дури 16 гласачки места за 4.000 граѓани, кои поради сомнеж за заразеност со коронавирус се ставени во 14-дневен карантин. Тие беа возени до специјалните гласачки места, на кои беше присутен медицински персонал. По затворањето на гласачките места меѓутоа се појави проблем, зашто во почеток никој не беше подготвен да ги брои овие гласачки ливчиња.
Во предизборната кампања инаку повторно беа присутни валкани трикови за оцрнување на политичките противниции нивно дисквалификување во очите на избирачите. Така, еден сега веќе отпуштен советник на Ганц, со скриена камера бил снимен од поддржувачите на Нетанјаху при изјавата дека неговиот шеф е „преголема кукавица за да го нападне Иран“. Направени беа и различни напади против судството и посебно против генералниот обвинител, зашто тој за две недели сака да отвори процес процес против Нетанјаху поради корупција, злоупотреба на службена положба и поткуп.
70 години Израел
Триумф или катастрофа? Пред 70 години е основана државата Израел. По холокаустот, 14 мај 1948 година беше пресвртна точка од која тие гледаа кон нова, ветувачка иднина.
Фотографија: Imago/Seeliger
Триумф на надежта
На 14 мај 1948 година прeмиерот Давид Бен Гурион пред еврејското собрание прогласи основање на државата Израел. „Надежта никогаш не попушти“, рече Бен Гурион опишувајќи ја историјата на еврејскиот народ. „Никогаш не замолкна неговата молитва за враќање дома и за слобода.“ Сега Евреите се вратија назад во земјата на своето потекло - и располагаа со сопствена држава.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Во новиот свет
Дипломатски триумф: пред зградата на ОН во Њујорк веднаш се развеа знамето на новата држава. За Израелците тоа беше натамошен чекор во насока на безбедност и слобода - конечно имаа меѓународно призната држава.
Фотографија: Getty Images/AFP
Најтемниот час
Колкаво е значењето на основањето на државата Израел станува уште појасно ако се земе предвид холокаустот и убиството на шест милиони Евреи од страна на нацистите во текот на Втората светска војна. Фотографијата прикажува затвореници во логорот Аушвиц по неговото ослободување.
Фотографија: picture-alliance/dpa/akg-images
„Накба“- Катастрофа
Палестинците се сеќаваат на основањето на државата Израел како на „накба“- „катастрофа“. Околу 700.000 луѓе мораа да ги напуштат своите територии за да направат место за граѓаните на новата држава. Така, основањето на Израел значи и почеток на Блискоисточниот конфликт, кој не е решен ниту по 70 години.
Фотографија: picture-alliance/CPA Media
Зацврстена држава
Тензиите со арапските соседи во 1967 година ескалираа во „Шестдневна војна“, во чиј тек Израел ги победи Египет, Јордан и Сирија. Истовремено, Израел, меѓу другото, под своја контрола ги стави Источен Ерусалим и Западниот брег. Тоа значеше почеток на натамошни тензии и војни во регионот.
Фотографија: Keystone/ZUMA/IMAGO
Населби на територија на непријателот
Израелската политика на градење доселенички населби постојано го подгрева конфликтот со Палестина. Палестинските власти го обвинуваат Израел дека со постојаното градење населби онезвозможува палестинска држава. Градењето населби е осудено и од ОН, но Израел до денес си продолжува по свое.
Фотографија: picture-alliance/newscom/D. Hill
Без, омраза, камења
Зимата 1987 година Палестинците протестираа против израелската превласт на окупираните територии. Протестите почнаа во градот Газа и брзо се прочирија на Источен Ерусалим и Западниот брег. Востанието траеше со години и заврши со потпишување на договор во Осло, во 1993 година. .
Фотографија: picture-alliance/AFP/E. Baitel
Конечно мир?
Со посредство на тогашниот американски претседател Бил Клинтон, израелскиот премиер Јицак Рабин и шефот на ПЛО, Јасер Арафат, во 1993 година почнаа мировни преговори. Тие завршија со „Договор од Осло“, со кој двете страни меѓусебно официјално се признаа.
Фотографија: picture-alliance/CPA Media
Празен стол
Убиството на Јицак Рабин на 4 ноември 1995 година го торпедираше мировниот процес и ја покажа растргнатоста на Израел. Умерените и радикалите, секуларните и ултраортодоксните Евреи сѐ повеќе се оддалечуваа едни од други. Рабин беше убиен на еден собир од страна на радикален студент по право. На фотографијата е прикажан тогашниот премиер Шимон Перес покрај празниот стол на својот претходник.
Фотографија: Getty Images/AFP/J. Delay
Обид да се изговори неизговорливото
Геноцидот на Евреите до денес им дава печат на германско-израелските односи. Во февруари 2000 година, тогашниот германски претседател Јоханес Рау одржа говор во Кнесетот - на германски. Јазикот на некогашните злосторници во израелското собрание - невидено голем предизвик за двете страни, пред сѐ за наследниците на жртвите. Но, тоа беше и уште еден чекор на приближување.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Израелскиот ѕид
Израелската политика на градење населби ги заостри фронтовите во конфликтот со Палестинците. Израел во 2002 година почна со изградба на 107 километри долг ѕид на Западниот брег. Тоа делумно го запре насилството, но не ги реши политичките проблеми меѓу двата народа.
Новиот германски министер за надворешни работи Хајко Мас ја продолжува решително традицијата на германско-израелско приближување. Неговото прво патување во странство го одведе во еврејската држава. Во март годинава тој во меморијалниот центар Јад Вашем положи венец во чест на жртвите на холокаустот.
Фотографија: picture-alliance/dpa/I. Yefimovich
12 фотографии1 | 12
Во „подготовка“ се натамошни мировни договори?
Нетанјаху демантираше секаква своја вмешаност во оваа и други интриги, иако неговото учество во нив е јавна тајна. Во јавноста тој порадо се презеннтираше во улога на добротвор на нацијата, како и во неговиот победнички говор по изборот: тврдеше дека направил нови контакти со светски лидери, меѓу кои неверојатно многу од арапскиот и муслиманскиот свет. Кога зборуваше за натамошни мировни договори, истакна дека тоа не се празни зборови, туку тие се веќе во „подготовка“.
70 години Израел
Триумф или катастрофа? Пред 70 години е основана државата Израел. По холокаустот, 14 мај 1948 година беше пресвртна точка од која тие гледаа кон нова, ветувачка иднина.
Фотографија: Imago/Seeliger
Триумф на надежта
На 14 мај 1948 година прeмиерот Давид Бен Гурион пред еврејското собрание прогласи основање на државата Израел. „Надежта никогаш не попушти“, рече Бен Гурион опишувајќи ја историјата на еврејскиот народ. „Никогаш не замолкна неговата молитва за враќање дома и за слобода.“ Сега Евреите се вратија назад во земјата на своето потекло - и располагаа со сопствена држава.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Во новиот свет
Дипломатски триумф: пред зградата на ОН во Њујорк веднаш се развеа знамето на новата држава. За Израелците тоа беше натамошен чекор во насока на безбедност и слобода - конечно имаа меѓународно призната држава.
Фотографија: Getty Images/AFP
Најтемниот час
Колкаво е значењето на основањето на државата Израел станува уште појасно ако се земе предвид холокаустот и убиството на шест милиони Евреи од страна на нацистите во текот на Втората светска војна. Фотографијата прикажува затвореници во логорот Аушвиц по неговото ослободување.
Фотографија: picture-alliance/dpa/akg-images
„Накба“- Катастрофа
Палестинците се сеќаваат на основањето на државата Израел како на „накба“- „катастрофа“. Околу 700.000 луѓе мораа да ги напуштат своите територии за да направат место за граѓаните на новата држава. Така, основањето на Израел значи и почеток на Блискоисточниот конфликт, кој не е решен ниту по 70 години.
Фотографија: picture-alliance/CPA Media
Зацврстена држава
Тензиите со арапските соседи во 1967 година ескалираа во „Шестдневна војна“, во чиј тек Израел ги победи Египет, Јордан и Сирија. Истовремено, Израел, меѓу другото, под своја контрола ги стави Источен Ерусалим и Западниот брег. Тоа значеше почеток на натамошни тензии и војни во регионот.
Фотографија: Keystone/ZUMA/IMAGO
Населби на територија на непријателот
Израелската политика на градење доселенички населби постојано го подгрева конфликтот со Палестина. Палестинските власти го обвинуваат Израел дека со постојаното градење населби онезвозможува палестинска држава. Градењето населби е осудено и од ОН, но Израел до денес си продолжува по свое.
Фотографија: picture-alliance/newscom/D. Hill
Без, омраза, камења
Зимата 1987 година Палестинците протестираа против израелската превласт на окупираните територии. Протестите почнаа во градот Газа и брзо се прочирија на Источен Ерусалим и Западниот брег. Востанието траеше со години и заврши со потпишување на договор во Осло, во 1993 година. .
Фотографија: picture-alliance/AFP/E. Baitel
Конечно мир?
Со посредство на тогашниот американски претседател Бил Клинтон, израелскиот премиер Јицак Рабин и шефот на ПЛО, Јасер Арафат, во 1993 година почнаа мировни преговори. Тие завршија со „Договор од Осло“, со кој двете страни меѓусебно официјално се признаа.
Фотографија: picture-alliance/CPA Media
Празен стол
Убиството на Јицак Рабин на 4 ноември 1995 година го торпедираше мировниот процес и ја покажа растргнатоста на Израел. Умерените и радикалите, секуларните и ултраортодоксните Евреи сѐ повеќе се оддалечуваа едни од други. Рабин беше убиен на еден собир од страна на радикален студент по право. На фотографијата е прикажан тогашниот премиер Шимон Перес покрај празниот стол на својот претходник.
Фотографија: Getty Images/AFP/J. Delay
Обид да се изговори неизговорливото
Геноцидот на Евреите до денес им дава печат на германско-израелските односи. Во февруари 2000 година, тогашниот германски претседател Јоханес Рау одржа говор во Кнесетот - на германски. Јазикот на некогашните злосторници во израелското собрание - невидено голем предизвик за двете страни, пред сѐ за наследниците на жртвите. Но, тоа беше и уште еден чекор на приближување.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Израелскиот ѕид
Израелската политика на градење населби ги заостри фронтовите во конфликтот со Палестинците. Израел во 2002 година почна со изградба на 107 километри долг ѕид на Западниот брег. Тоа делумно го запре насилството, но не ги реши политичките проблеми меѓу двата народа.
Новиот германски министер за надворешни работи Хајко Мас ја продолжува решително традицијата на германско-израелско приближување. Неговото прво патување во странство го одведе во еврејската држава. Во март годинава тој во меморијалниот центар Јад Вашем положи венец во чест на жртвите на холокаустот.
Фотографија: picture-alliance/dpa/I. Yefimovich
12 фотографии1 | 12
Умислено тој пропушти да спомене дека односите со Јордан, кој во 1994 година склучи мир со Израел, во последно време се се` само не добри, како и дека палестинската влада на претседателот Абас ги прекина односите со него поради израелската доселеничка политика. Оној кој верува дека со натамошно владеење на Нетанјаху како премиер настапуваат подобри времиња, треба само да го потсетиме дека неговата влада, како што веќе најави, планира анектирање на големи делови од долината на Јордан.