1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Израел повторно возвраќа на нападите од Газа

БГ/ртр/миа8 август 2014

Откако не успеа обидот преку преговори да се продолжи 72-часовното примирје, палестински милитанти од Појасот Газа продолжија со ракетни напади врз израелска територија. Израел возвраќа, преговорите во Каиро продолжуваат

Фотографија: Reuters

Израел утрово почна да возвраќа на нападите од палестинското движење Хамас. Радикалното движење ги обнови ракетните напади од Појасот Газа врз Израел по истекувањето на 72- часовното примирје за чие продолжување сѐ уште се преговара. Нема извештаи за жртви или штети откако сирени во јужен Израел предупредија за опасност од ракетен напад.

Воен извор потврди дека против-воздушната одбрана уништила една ракета испукана врз израелскиот град Ашкелон.

Портпарол на Хамас потврди дека нема да бидат согласни за продолжување на примирјето бидејќи Израел не ги прифатил барањата на групата за укинување на блокадата врз Газа и отворање на границите.

„Нема да го продолжиме примирјето и тоа е наша конечна одлука. Израел не предложи ништо и не се согласи со укинување на блокадата на Газа“, изјави еден од претставниците на Хамас.

Сепак, и покрај ваквите ставови, според информациите од Каиро индиректните преговори меѓу палестинските и израелските претставници продолжуваат и утрово. Израел инсистира Хамас најпрво да го предаде оружјето, како услов за прекин на блокадата на Појасот Газа.

Военото крило на Хамас, во четвртокот вечерта објави соопштение во кое ги предупредува палестинските преговарачи да не прифаќаат продолжување на примирјето, доколку Израел не се согласи на отстапки.

Најмалку 1.900 Палестинци, најголем дел од нив цивили, загинаа во Газа од почетокот на конфликтот. На израелската страна има 64 жртви – војници и тројца цивили.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми