1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Израел продолжува со апсење Палестинци

ЖА/дпа/афп/ртре16 јуни 2014

Од трите киднапирани израелски момчиња на Западниот Брег се‘уште нема трага. Израелскиот премиер Нетанјаху го обвини Хамас за грабнувањето и нареди апсење на претседателот на палестинскиот Парламент.

Фотографија: Reuters/Ammar Awad

Одоговорот на израелската армија на киднапирањето тројца Израелци е остар. Израелската армија го уапси синоќа претседателот на палестинскиот Парламент, Абдел Азиз Ал Дуак, член на Хамас, во рамки на операцијата за наоѓање и ослободување на тројцата млади Израелци, киднапирани во четвртокот на Западниот Брег.

Израелската армија соопшти дека биле уапсени лица кои се вмешани во киднапирањето или имале информации за локацијата на која што се наоѓаат тројцата тинејџери.

Во операцијата синоќа биле приведени вкупно 40 лица, со што вкупната бројка на уапсените од четвртокот до денеска достигна 150.

Лицата кои што се уапсени синоќа се главно активисти на палестинската организација Хамас. За време на апсењата имало судири и протести. Според палестински извор во еден од судирите во близина на Рамала бил застрелан 20-годишен Палестинец, а бил ранет и еден Арап.

Тројцата израелски ученици на возраст меѓу 16 и 19 години, кои посетувале верско училиште, кои беа киднапирани во четвртокот, биле на пат за дома. Досега ниедна палестинска организација не ја презеде директно одговорноста за грабнувањето.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанхају го обвини директно Хамас, а од претседателот на Палестинците, Махмуд Абас побара лично да се погрижи тројцата исчезнати ученици да бидат вратени неповредени. Абас гоосуди грабнувањето, но и израелската акција која следи по него, како кршење на законот. Со тоа тој мисли на големата рација и опколувањето на Хеброн и околните села.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми