1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Израел размислува за воена операција против Хамас

Агенции,Клеменс Ференкоте26 декември 2008

И покрај постојаните ракетни напади од појасот на Газа врз израелска територија, владата во Тел Авив денеска повторно дозволи трансфер на хуманитарна помош за населението во оваа палестинска област.

Израелски тенк на позиција во близина на градот ГазаФотографија: AP

Околу осумдесет камиони со прехрамбени производи, лекови и жито ја минале границата, соопшти израелското министерство за одбрана. Станува збор за прва испорака на помош за палестинското население во појасот на Газа по цели десет дена.

Истовремено во Израел се интензивираат најавите за претстојна офанзива против палестинските екстремисти.

Маскирани припадници на Хамас испукуваат ракети врз кон израелска територијаФотографија: AP

Треба да станува збор за „ограничена операција“, која би траела повеќе денови, пишува денеска весникот „Хаарец“, повикувајќи се на засега неофицијални информации од израелската армија. Заедничката операција на копнените трупи и на авијацијата ќе биде насочена кон Хамас и останатите палестински екстремистички групации во појасот на Газа. Во недела, премиерот Ехуд Олмерт треба уште еднаш да одржи консултации со неговите советници за национална безбедност. Претходно не би требало да се очекува воен ангажман на Израел во појасот на Газа, пишува весникот „Хаарец“.

Олмерт: „Ние сме посилни“

Во меѓувреме, премиерот Ехуд Олмерт апелираше до палестинското население во појасот на Газа да му се спротистави на Хамас. „Радикалната исламска организација е одговорна за страдањето таму“, изјави Олмерт во интервју за арапската телевизија Ал Арабија. Тој му порача на Хамас дека Израел нема да се колеба да дејствува со воени сретства.

Израелскиот премиер Ехуд Олмерт во недела ќе донесе одлука за можната офанзива?Фотографија: AP

„Им велам сега, дека ова можеби е последната минута. Им велам , запрете, ние сме посилни. Ќе има уште крв таму. Кој го сака тоа? Ние не го сакаме тоа“, изјави Олмерт за телевизијата Ал Арабија.

Од другастрана во изјава за израелското радио, портпаролот на Хамас, Ал Масри, порача дека Израел не може со вооружена сила да го уништи Хамас.

„ Доколку имате намера да го соборите раководството на Хамас а со тоа и власта на Хамас во појасот на Газа, тоа нема да ви успее. Дури и ако бидат убиени 100 или 200 лидери на организацијата, Хамас не може да биде уништен“, порача Ал Масри.

Само во текот на изминатата ноќ 20 ракети од појасот на Газа паднаа во пограничниот регион на израелска територија. Во овие напади немаше повредени лица.



Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми