1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Израел тагува за Шарон

ЕМФ/дв/бета13 јануари 2014

Поранешниот израелски премиер Ариел Шарон денеска (13.01) е погребан на семејниот имот на југот на Израел, во пустината Негев, недалеку од Појасот Газа. Комеморацијата по повод смртта на Шарон се одржа претпладнево.

Фотографија: Reuters

На комеморацијата пред израелскиот парламент, Кнесетот, присуствуваа израелски официјални претставници, но и странски гости, како американскиот потпретседател Џозеф Бајден, германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмајер и поранешниот британски премиер Тони Блер.

Израелскиот претседател Шимон Перес, кој го познавал Шарон уште во времето како млад студент, на комеморацијата рече: „Ти беше рамото врз кое почиваше безбедноста на нашиот народ“. Израелскиот премиер Бенјманин Нетанјаху го нарече Шарон „еден од најголемите борци на израелскиот народ и на израелската армија“. Во својот кус говор Џозеф Бајден нагласи дека Шарон бил силна личност, чија ѕвезда водилка била безбедноста на државата Израел и на израелскиот народ.

Фотографија: Reuters

Шарон денеска беше погребан со воени почести покрај втората сопруга Лили, а од него се поздравија синовите Гилад и Омни, како и началникот на Генералштабот на израелската армија Бени Ганц.

Ариел Шарон почина на 11 јануари. Од 2006 година тој беше во кома по преживеан мозочен удар.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми