1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Израел уапси над 200 Палестинци

ЖА/миа/ртре17 јуни 2014

На Западниот Брег израелската армија уапсила уште 40 Палестинци во потрагата по тројцата исчезнати израелски ученици. Израел ја обвинува исламско радикалната Хамас дека ги киднапирал момчињата.

Фотографија: Reuters

Израелската армија соопшти дека утрово уапсила повеќе од 40 Палестинци на Западниот Брег, проширувајќи ја потрагата по тројцата исчезнати израелски тинејџери, за кои се верува дека ги киднапирале приврзаници на Хамас во четвртокот минатата недела.

Со денешното апсење вкупниот број на притворените Палестинци од киднапирањето досега достигна 200 лица, од кои повеќето се активисти на Хамас. Ова е најголемо апсење на членови на Хамас за речиси една деценија. Најновите апсења се извршени во околината на градот Наблус, во северниот дел на земјата, со што потрагата е проширена, бидејќи претходно била фокусирана на јужниот град Хеброн.

Армијата, исто така, соопшти дека израелски борбени авиони нападнале четири места за производство и складирање на оружје во Појасот Газа, како одговор на истреланата ракета во текот на ноќта од ова подрачје кон јужниот дел на Израел.

Според портпаролот на израелската војска, Петер Лернер, воздушни напади се извршени врз „центар за терористичка активност, два магацина за оружје и работилница за производство на оружје“.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми