1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Изјава за скандал-кој ја почна војната?

10 септември 2010

Ерика Штајнбах од ЦДУ се соочува со жестоки критики од политиката. Опозицијата ја обвинува дека се обидува да ја релативира вината на Германија во избивањето на Втората светска војна.

Ерика Штајнбах ја разбранува јавностаФотографија: AP

Деновиве во Германија конфликт со јавноста и сопствената партија има Ерика Штајнбах од ЦДУ, таа е претседателка на Сојузот на протераните Германци од Втората светска војна. Меѓутоа, поради неколкуте конзервативни изјави околу улогата на Германија во Втората светска војна, либералите и социјалдемократите постигнаа таа да не биде дел од кураториумот на новата државна фондација, која се заминава со историјата на протераните лица на европско ниво. Освен тоа, Штајнбах се чувствува се` поизолирана и во редовите на сопствената партија.

Полска ја иницирала Втората светска војна?

Штајнбах негира дека сака да ја ревидира историјата и да ја релативира вината на Германија за избивањето на Втората светска војна: „Ниту денеска, ниту вчера, ниту претходно не сум рекла такво нешто. Секогаш јасно велам: Германија ја предизвика Втората светска војна.“

Фотографија: picture-alliance/ dpa

Актуелните критики на сметка на Штајнбах произлегоа од новите расправии околу неодамна основаната државна фондација „Бегство, прогон, помирување“. Имено, двајца членови на Сојузот на протераните Германци изјавија дека Полска се мобилизирала уште во март 1939 година, што било повод Хитлер да го прекрши договорот за ненапаѓање меѓу Германија и Полска од 1934 година. Штајнбах застана во одбрана на членовите, истакнувајќи: „Ако во историјата пишува дека Полска почнала да се мобилизира уште во 1939 година, тогаш јас не можам тоа да го сменам, така било. Не можам да ги разубавувам работите, тоа е факт. Меѓутоа, тоа не значи дека Германија и натаму не ја сноси вината за почнувањето на војната.“

Поради тоа, опозицијата бара Штајнбах да биде исклучена од Комисијата за заштита на човековите права на Бундестагот. Но, таа и самата е свесна за критиките со кои се соочува. Затоа одлучи да не се кандидира за претседател на ЦДУ на внатрепартиското гласање, што треба да се одржи во ноември.

Автор: ТТ/ГЧ/Петер Штицле

Редактор: Жана Ацеска

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми