Граѓаните на српскиот град Ниш во текот на зимата дишат, на моменти, и екстремно загаден воздух. Зошто тогаш греењето на дрва за многумина и натаму е прв избор?
Реклама
Во Ниш, градот на југот на Србија, стандардот на жителите е многу лош. А и воздухот кој го дишат е со лош квалитет. Овие две работи се поврзани, бидејќи жителите на Ниш поради високите цени на централното греење преминаа да се греат на дрва. Кои се причините зошто иднивидуалните ложишта и натаму се најраширени, иако тоа еколошки е најпогубен начин на греење во Ниш? Драгана која ја сретнавме на пазарот за огревно дрво истакнува: „ Затоа што е тоа еколошки, затоа што е чисто, затоа што е поздраво од каков било друг вид на греење. Цените годинава мислам дека се во просек како и минатите години значи ништо не е посебно поскапо отколку претходните години. Значи 4.500 годинава... тоа е пристојна цена“.
Ниш се гуши а централното греење прескапо за многумина
01:58
Значи, неинформираноста на граѓаните, но и пристапните цени се причина зошто најголемиот број од граѓаните се одлучуваат да се греат на дрва. За попристапни цени на централното греење, пак долги години се бори професорот Ѓокица Јовановиќ.
„Во 2014 година топланата ги зголеми цените за околу 100 отсто. На многу пензионери сметката за греење им беше повисока отколку пензијата.Тогаш закажавме и протест пред топланата, па одржавме цела низа протесни прошетки до гратската куќа. Тоа јас го кажав на еден од тие митинзи, владејачката гарнитура да се финансира од јавниот сектор“, вели Јовановиќ
Смог над Балканот
Неколку градови во југоисточна Европа се во самиот светски врв на негативната листа на загаденост на воздухот. Скопје е меѓу нив.
Фотографија: picture-alliance/AA/M. Ozturk
Опасна зима
Видливоста изнесува само неколку метри. Сараево, главниот град на Босна и Херцеговина, веќе со денови е обвиткан со смог. За тоа не е виновен само густиот сообраќај. Многу жители се греат на јаглен и дрва- состојбата е особено критична во зима.
Фотографија: picture-alliance/AA/M. Ozturk
Неповолна географска позиција
Сараево лежи во долина меѓу бројни ридови и тука воздухот далеку побавно се обновува. Според Светската здравствена организација загадувањето ја чини БиХ околу 3,9 милијарди долари годишно.
Фотографија: picture-alliance/AA/M. Ozturk
Смрт поради загадување
Според податоците на македонските власти, годишно во земјата умираат околу 1.300 луѓе поради загадениот воздух. Особено е критична состојбата во Скопје.
Фотографија: Reuters/O. Teofilovski
Предупредувањата на активистите
Македонските невладини организации со години наназад предупредуваат дека загадувањето на воздухот во Скопје во текот на 269 денови годишно е над нормалата. Слично како Сараево и Скопје се наоѓа во котлина, што го олеснува задржувањето на смогот.
Фотографија: picture-alliance/AA/N. Batev
Старите термоелектрани- големи загадувачи
Според Европската банка за обнова и развој, термоелектраните како оваа во Обилиќ, во близина на косовскиот главен град Приштина, се меѓу најголемите загадувачи на воздухот во регионот.
Фотографија: AFP/Getty Images/A. Nimani
„Дишењето убива“
Во Приштина минатата година беа одржани демонстрации за чист воздух. На некои транспаренти пишуваше „Breathing kills“ – „„Дишењето убива“, со алузија на натписите на кутиите цигари. Во зимските месеци жителите на Приштина имаат големи проблеми со смогот.
Фотографија: AFP/Getty Images/A. Nimani
Драматични споредби
Поради високата загаденост на воздухот во Софија, ситуацијата во градот е „опасна како во Чернобил“, напиша поранешниот бугарски министер за надворешни работи Соломон Паси на Твитер. Тој му се обрати на премиерот со зборовите: „Итно ни се потребни мерки како заштитни маски во аптеките и училиштата“.
Борбата на Јовановиќ и неговото движење на слободни станари вроди со плод на почетокот, но интензитетот на оваа борба по остварените првобитни цели почна да се намалува. „Треба да се критикуваат и граѓаните, како граѓаните успеваа и да остварат некои од тие свои интереси, тие веќе губеа интерес понатаму да се занимаваат со тоа, да доаѓаат на протести, да доаѓаат на трибини. Суштината на граѓанскиот активизам, според мое мислење, е да се има голема кондиција и тогаш кога ќе се извојуваат некои победи и намату да се држи таа температура, да се држи таа пресија. Значи, граѓаните да го контролираат однесувањето и на локалните власти, ако сакате и на централните власти, бидејќи без тоа граѓаните секогаш ќе мораат да ја платат цената за она што не треба да го платат“, порачува Јовановиќ.
Додека граѓаните не се активираат, им останува само греењето на дрва, со што и' штетат и на околината и себеси.
Големиот смог: Градови заробени од аерозагадување
Смог, јаглерод диоксид, отровни честички - аерозагадувањето е огромен проблем во повеќе градови во светот. Ова е преглед на градовите кои се најмногу погодени од проблемот.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Улан Батор, Монголија
Улан Батор, освен што е еден од најстудените главни градови во светот, исто така е и град со висок степен на загадување на воздухот. За време на зимските месеци, живеалиштата се загреваат со јаглен и дрва што придонесува до 70% за формирање на смогот во градот. Аерозагадувањето во Улан Батор е седум пати повисоко од она што се смета за безбедно според СЗО.
Фотографија: DW/Robert Richter
Пекинг, Кина
Кинескиот главен град се соочува со толку големо загадување на воздухот што научниците велат дека е речиси невозможно да се живее таму - иако градот е дом на повеќе од 20 милиони луѓе. Истражувањата велат дека 3.5 милиони луѓе годишно умираат поради загаденоста на воздухот, една половина од нив се од Кина. Сепак, постојат други градови во светот кои имаат поголем проблем со смогот од Пекинг.
Фотографија: picture alliance/Photoshot
Лахоре, Пакистан
Загадувањето на воздухот е најголем проблем за животната средина во Пакистан. Ситуацијата е особено драматична во вториот по големина град, Лахоре. Смогот е предизвикан, првично од високиот обем на патен сообраќај, палењето на смет и прашината од околните пустини.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Њу Делхи, Индија
Во десетмилионскиот град Њу Делхи бројот на автомобили во последните 30 години се зголемил од 180.000 на 3.500.000 возила. Сепак, најголемите загадувачи се електричните централи кои работат на јаглен. Тие придонесуваат до 80% во вкупното загадување во градот.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Ријад, Саудиска Арабија
Песочните бури, како што е прикажано на сликата во Ријад, придонесуваат за формирање на смог затоа што го зголемуваат бројот на честички во воздухот. На места како што е Саудиска Арабија, интензивното ултравиолетово зрачење ги претвара гасовите од транспортот и индустријата во озон.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Каиро, Египет
Лошиот квалитет на воздухот во Каиро е причина за голем број на заболувања кај жителите, како што се хронични проблеми на респираторниот систем и рак на белите дробови. Причината за загадениот воздух е зголемувањето на патниот сообраќај и растечкиот индустриски сектор.
Фотографија: DW Akademie/J. Rahe
Дака, Бангладеш
Според истражување спроведено од Макс-Планк институтот во Мајнц, околу 15.000 луѓе годишно умираат во Дака како последица на загадувањето на воздухот. Истражувачите откриле дека во Дака има најголема концентрација на сулфур диоксид во светот.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Москва, Русија
Иако изгледа исто, смогот на различни места во светот има поинаков состав во зависност од градот. Смогот во Москва е карактеристичен по високите концентрации на јаглеводород. Западниот дел на градот често има ветрови поради што квалитетот на воздухот е подобар.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Мексико Сити, Мексико
Проблемот со смогот во Мексико Сити се продлабочува поради неговата географска локација. Градот е опкружен од три страни со планини. Поради високите нивоа на сулфур диоксид и хидрокарбонати во воздухот, Мексико Сити долго беше сметан за еден од најзагадените градови во светот. Состојбата сега се подобрува благодарение на новата сообраќајна политика и затворањето на некои фабрики.