1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Илон Маск се предомисли – не го купува Твитер

ЖА / агенции
9 јули 2022

Турбулентното преземање на Твитер од страна на Илон Маск достигна хаотичен степен: милијардерот се откажува од купувањето, но фирмата сака продажбата да ја истурка преку суд.

Elon Musk
Фотографија: Muhammed Selim Korkutata / Anadolu Agency/picture alliance

Драматичен, но и очекуван пресврт во драмата околу преземањето, кое се провлекува со месеци: хај-тех  милијардерот Илон Маск не го сака веќе Твитер и објави раскинување на договорот за купување, вреден 44 милијарди долари. Како причина за повлекувањето, адвокатите на Маск наведуваат повеќекратни прекршувања на договорот за преземање, потпишан во април, а кој во меѓувреме беше ставен во мирување. Твитер наводно не обезбедил доволно информации за бројот на ботови и на лажни профили.  Набљудувачите стоеја пред загатка – дали Маск навистина планира откажување на зделката или само сака да ја симне куповната цена.

Сегашниот потегот на најбогатиот човек на светот може да го чини скапо – му се заканува плаќање на отштета од околу една милијарда долари. Твитер од своја страна не се откажува од трансакцијата и планира да оди на суд. Акциите на Твитер од април загубија преку една четвртина од својата вредност. И акциите на производителот на електрични автомобили Тесла, основан и воден од Илон Маск бележат загуба од речиси една четвртина од вредноста.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми