ИЛО загрижен за состојбите на пазарите на трудот
30 април 2012Пакетите со мерки за штедење и строгите реформи на пазарот на труд не доведоа до отворање нови работни места, соопшти специјалната организација на ОН во годишниот извештај објавен во Женева. Во индустриските држави и пред се‘ во Европа нивото на вработувањето до пред крајот на 2016-та година нема да ја стигне стапката од 2008-ма година. Неопходни се целни инвестиции заради отворање нови работни места.
ИЛО од Германија бара зголемување на реалните плати и квалитативно подобри услови на вработување. Во извештајот се криткува практиката на кратки работни договори. Секој четврти вработен во Германија има работа со скратено работно време, мини-вработување или работа на одредено време. Но, според ИЛО, Германија покрај Австрија е една од ретките држави која од 2007-ма година наваму бележи зголемување на стапката на вработеност.